Clean Air

Мерни инструменти и мерни методи

Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) со кој управува Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), е составен од мерни инструменти кои работат во согласност со Референтни методи за мерење на различните загадувачки супстанции. За мерните инструменти се спроведени Тестови на одобрување (Type Approval tests and reports) и Тестови на еквивалентност изведени од соодветни референтни лаборатории акредитирани според EN ISO/ IEC 17025 стандардот за специфичните процедури за испитување. Врз основа на изведените тестирања, мерните инструменти поседуваат сертификат со кој се докажува сообразноста во согласност со соодветните референтни мерни методи опишани во соодветни EN стандарди, за различните загадувачки супстанции. Мерните инструменти ги задоволуваат критериумите за максимална дозволена проширена релативна мерна неодреденост за часовни и годишни измерени концентрации во лабораториски услови и во услови на реални мерења, исполнувајќи ги стандардите за автоматски мониторинг системи за квалитет на амбиентен воздух.

1. Мерење на SO₂

  • - Мерни методи
    • За мерење на SO₂ се користи MKC EN 14212:2013 Квалитет на воздух - Стандардна метода за мерење концентрација на сулфур диоксид со ултравиолетова флуоресценција, каде мерната неодреденост на часовни податоци во услови на лабораториски и на реални мерења е пониска од 15 %, што е во согласност со стандардот.
  • - Мерни инструменти
    • TEI 43C SO₂ анализатор, од производител Thermo Environmental Instruments;
    • T100 SO₂ анализатор, од производител Teledyne API;
    • ML2050 SO₂ анализатор, од производител Casella monitor (не се користи од јануари 2021);
    • Serinus 50 SO₂ анализатор од производител Ecotech.

2. Мерење на NO, NO₂, NOx

  • - Мерни методи
    • За мерење на NO, NO₂, NOx се користи MKC EN 14211:2013 Квалитет на воздух - Стандардна метода за мерење концентрација на азот диоксид и азот моноксид со хемилуминисценција, каде мерната неодреденост на часовни податоци во услови на лабораториски и на реални мерења е пониска од 15 %, што е во согласност со стандардот.
  • - Мерни инструменти
    • TEI 42C NO-NO₂-NOx анализатор, од производител Thermo Environmental Instruments;
    • T200 NO-NO₂-NOx анализатор, од производител Teledyne API;
    • ML2041 NO-NO₂-NOx анализатор, од производител Casella monitor (не се користи од јануари 2021);
    • TEI 42i NO-NO₂-NOx анализатор, од производител Thermo Environmental Instruments;
    • Serinus 40 NO-NO₂-NOx анализатор од производител Ecotech.

3. Мерење на CO

  • - Мерни методи
    • За мерење на CO се користи МКС EN 14626:2013 Квалитет на воздух - Стандардна метода за мерење концентрација на јаглерод моноксид со недисперзивна инфрацрвена спектроскопија, каде мерната неодреденост на часовни податоци во услови на лабораториски и на реални мерења е пониска од 15 %, што е во согласност со стандардот.
  • - Мерни инструменти
    • TEI 48C CO анализатор, од производител Thermo Environmental Instruments;
    • T300 CO анализатор, од производител Teledyne API;
    • ML2030 CO анализатор, од производител Casella monitor (не се користи од јануари 2021);
    • Serinus 30 CO анализатор од производител Ecotech.

4. Мерење на O₃

  • - Мерни методи
    • За мерење на O₃ се користи МКС EN 14625:2013 Квалитет на воздух - Стандардна метода за мерење концентрација на озон со ултравиолетова фотометрија, каде мерната неодреденост на часовни податоци во услови на лабораториски и на реални мерења е пониска од 15 %, што е во согласност со стандардот.
  • - Мерни инструменти
    • TEI 49C O₃ анализатор, од производител Thermo Environmental Instruments;
    • T400 O₃ анализатор, од производител Teledyne API;
    • ML2010 O₃ анализатор, од производител Casella monitor (не се користи од јануари 2021);
    • TEI 49i O₃ анализатор, од производител Thermo Environmental Instruments.
    • Serinus 10 O₃ анализатор од производител Ecotech.

5. Мерење на PM10/PM2.5

  • - Мерни методи
    • За мерење на PM10/PM2.5 се користат методите: Намалување на Бета: метода на рендгенска апсорпција во супстанца, во согласност со EN 16450 Амбиентен воздух - Автоматски мерни системи за мерење на концентрации на суспендирани цврсти честички, потоа Хибридна метода: Намалување на бета/нефелометриска метода, во согласност со EN 16450 Амбиентен воздух - Автоматски мерни системи за мерење на концентрации на суспендирани цврсти честички и Оптичка метода: расејување на светлина од единечни честички, во согласност со EN 16450 Амбиентен воздух - Автоматски мерни системи за мерење на концентрации на суспендирани цврсти честички, со демонстрација на еквивалентност во согласност со MKС EN 12341:2014 Амбиентен воздух – Стандардна метода на гравиметриско мерење за одредување на ЦЧ10 (PM10) или ЦЧ2.5 (PM2.5) масена фракција од суспендираните цврсти честички споредбено со MKС EN 12341:2014, каде мерната неодреденост на часовни податоци во услови на лабораториски и на реални мерења е пониска од 25 %, што е во согласност со стандардот.
  • - Мерни инструменти
    • FH 62 I-R, PM2.5 and PM10 Automated Particulate Monitor анализатор, од производител Thermo ESM Andersen (не се користи од април 2024);
    • Sharp 5030, PM2.5 and PM10 Automated Particulate Monitor анализатор, од производител Thermo Fisher Scientific (не се користи од април 2024);
    • BAM-1020 PM2.5 and PM10 Continuous Particulate Monitor анализатор, од производител Met One Instruments, Inc.
    • Grimm 180, PM10/PM2.5 Environmental Dust Monitor анализатор, од производител Grimm Aerosol Technik;
    • MicroPNS LVS 16 Sequential Low Volume Sampler секвенцијален ниско волуменски семплер, од производител Umwelttechnik MCZ GmbH;
    • Low Volume Sampler LVS 3.1 ниско волуменски семплер, од производител Comde Derenda;
    • LVS3 / MVS6 ниско волуменски семплер, од производител Sven Leckel Ingenieurbüro GmbH;
    • SEQ 47/50-RV секвенцијален ниско волуменски семплер, од производител Sven Leckel Ingenieurbüro GmbH;
    • PNS 18T DM секвенцијален ниско волуменски семплер, од производител Comde Derenda.
1 Image 2 Image