Националното законодавство ги дефинира граничните и целните вредности, долгорочните цели и праговите за информирање и алармирање за концентрациите на загадувачките суспстанци во амбиентниот воздух во Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на РМ бр. 50/05, Службен весник на РМ бр.4/13, Службен весник на РМ бр. 183/17).
Граничните и целните вредности за SO₂, NO₂, CO, PM10, PM2.5, O₃, бензен, PAHs и тешки метали се дефинирани со цел да се заштити здравјето на луѓето. Прагот на алармирање означува ниво на концентрација над кое постои ризик од кратка изложеност по здравјето на луѓето во целина и во случај кога треба да се преземат непосредни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот. Во законодавството дефинирани се праговите на алармирање за концентрациите на SO₂и NO₂, како и праговите за информирање и алармирање за озон и РМ10.
** праг на алармирање * праг на информирање