Clean Air

Емисии во воздух

РЕК Битола

Емисија е термин кој се употребува за да се опише присуството на гасови или честички вовоздухот кои потекнуваат од различни извори.

Главни составни компоненти на атмосферскиот воздух се азотот (78,08%), кислородот (20,95%) иаргонот (0,93%). Но покрај ова, има супстанци во воздухот, како на пр: сулфурни оксиди, азотниоксиди, јаглерод моноксид, цврсти честички, тешки метали, тешко разградливи органски соединенија (POPs) и др., чие потекло може да биде природно или антрополошко, кои сеприсутни во помали концентрации (во траги), а имаат негативно влијание, непосредно или посредно, врз животната средина, здравјето на луѓето, останатата биосфера и материјалните добра.

Зголемената индустријализација, интензивирање на производството, користењето на јагленот и огревното дрво, нафтата и нафтените деривати како енергетски ресурси и сообраќајот доведоа до зголемување на концентрацијата на овие загадувачките супстанци.

Со цел намалување на наведените штетни ефекти од загадувањето на воздухот луѓето и животната средина во 1979 година основанa е CLRTAP (Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) , како еден од најраните меѓународни договори насочени кон решавање на проблемот со загадувањето на воздухот што влијае на повеќе земји. Таа се имплементира преку осум протоколи , кои содржат законски обвзувачки цели за редукција на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот.

Согласно барањата на конвенцијата LRTAP и протоколите, нашата земја е задолжена за подготовка и испраќање на:

до Секретаријатот на обединетите нации и Евроспската агенција за животна средина на Централната база за податоци ЕIONET

Собирањето и обработката на податоците и известувањето за емисии во воздухот се врши континуирано во текотна целата година во рамките на работата на секторот Македонски информативен центар заживотна средина (МИЦЖС) во МЖСПП.