Clean Air

Емисии во воздух

Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух

Инвентар на емисии претставува збир на податоци (изразени во килотони на година – емисии на загадувачки супстанци на национално ниво) во текот на одреден временски период, согласно дадените барања или дадената методологија. Претставува алатка за оценка на квалитетот на воздухот. Од 2016 година, МЖСПП има воспоставено тим за изработка на инвентарот за загадувачки супстанци во воздух

Емисиите во инвентарот се пресметуваат со примена на влезни податоци наречени рати на активност (количина на гориво, количина на продукти итн.), кои се наведени по сектори во Информативниот извештај за инвентарот

Собраните податоци се земаат како рата на активност, додека пак eмисионите фактори потребни за проценка на емисиите на загадувачките супстанци се преземаат од следново упатство.

Инвентарот ги опфаќа следниве загадувачки супстанци:

Повеќе детали за уделот на различните извори на емисија во одделните загадувачки супстанци може да најдете страната за Извори на емисии во воздух

Инвентарите се надрaгдуваат на годишно ниво за период 1990-n-2, каде n e тековната година, и се испраќаат до Европска агенција за животна средина и Секретаријат на обединети нации до 15 февруари секоја година.

Официјалните известувања за инвентарот на Република Северна Македонија се достапни на Европската заедница за опсервација и информации за животната средина (EIONET) и може да се најдат на следниов линк

Извештаите за инвентарите кои ја следат структурата наведена тука

може да се најдат на следнава страна линк

Националните инвентари за воздух подлежат на ревизија на ниво 3, во рамките на која Центарот за емисиони инвентари и проекции како техничко тело под Конвенцијата за преку граничен пренос на аерозагадување, врши преглед на подготвените инвентари по сектори за што се подготвуваат и Извештаи кои земјите. Овие зивештаи се користат за понатамошно подобрување на инвентарите. Извештаите се достапни на следнава страна линк