Калибрационата лабораторија за квалитет на воздух се користи за калибрација на анализаторите од мониторинг станиците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) и е неразделна целина со системот. Калибрацијата на анализаторите за мерење на квалитетот на амбиентниот воздух е најважниот дел од работата на анализаторите, бидејќи со истата анализаторите се контролираат и подесуваат да покажуваат точни, валидни и веродостојни податоци за концентрацијата на загадувачките супстанци.
- Опременост на калибрационата лабораторија за квалитет на воздух
Согласно имплементацијата на CAFЕ директивата (Директивата за квалитет на амбиентен воздух и за почист воздух во Европа), со акредитацијата, калибрациона лабораторијата треба да прерасне во Национална референтна калибрациона лабораторија во која ќе се калибрираат инструментите, не само од ДАМСКАВ, туку и од локалните мониторинг мрежи и поедините мерни инструменти од инсталациите. Националната референтна калибрационата лабораторија треба да учествува на интер лабораториски компаративни мерења за одредување и следење на компатибилноста на калибрационата лабораторија со исти такви лаборатории од Европската Унија, како и да организира компаративни мерења на национално ниво.
Калибрационата лабораторија досега зема свое учество на интерлабораториските компаративни мерења кои се одржуваат во организација на JRC/EC (Joint Research Centre/European Commission) и WHO (World Health Organization) во Есен, Германија во 2007 година, Испра, Италија во 2008 година, како и во Ланген, Германија во 2009, 2011, 2013, 2015 и 2018 година. Линк од извештајот од последното учество на Интер лабораториски компаративни мерења во организација на JRC-EC/WHO Evaluation of the inter-laboratory Comparison Exercise for SO₂, CO, O₃, NO and NO₂, 2-7 of September 2018 Langen (D) може да се најде на следниот линк:
- Методи за калибрација
Редовно одржување на секој од мерните инструменти се врши на период од две недели согласно претходно утврден план.
Калибрација на мерните инструменти се врши 2 до 3 пати годишно или по извршен сервис на мерните инструменти.
- Систем за квалитет