Clean Air

Моделирање на дисперзија на загадувачки супстанции

Дисперзионите модели за квалитет на воздух претставуваат математички алатки што овозможуваат проценка на влијанието на поединечни извори на емисии или групи на извори врз квалитетот на воздухот. Со нивна помош може да се предвиди како ќе се менува квалитетот на воздухот како резултат на промени во емисиите – на пример, зголемување на обемот на сообраќај, воведување на мерки за контрола на емисии или примена на нови технологии.

Овие модели се особено корисни за надополнување на податоците од автоматските мониторинг станици за квалитет на воздух, бидејќи нивната просторна покриеност често е ограничена.

  • Најчесто дисперзионите модели се користат при:
    • Подготовка на планови и програми за подобрување на квалитетот на воздухот;
    • Проценка на квалитетот на воздухот во области без доволно мониторинг податоци;
    • Поддршка во развивање на мерки Оптимизација на бројот и локацијата
    • на мониторинг станиците.на мониторинг станиците.
  • Дисперзионите модели ја опишуваат врската помеѓу емисиите и концентрациите на загадувачките супстанции во воздухот, земајќи ги предвид клучните фактори што влијаат на движењето и трансформацијата на загадувачките материи:
    • Метеоролошки услови (ветер, температура, влажност, стабилност на атмосферата);
    • Конфигурација на теренот;
    • Карактеристики на изворот на емисија (висина и дијаметар на испуст, температура и брзина на проток, состав на емисијата итн.);
    • Топографски карактеристики и тип на земјиште

Во согласност со законодавството на Европската унија, користењето на дисперзионите модели претставува стандарден метод за процена на квалитетот на воздухот, вклучувајќи и анализа на идни сценарија и изработка на стратегии за намалување на емисиите.

Со користење на локални дисперзиони модели во склоп на Твининг проект за квалитет на воздух, Министерството подготви Студија за моделирање на влијанието на емисиите од точкасти извори и сообраќај врз квалитетот на воздухот на територијата на град Скопје.

Во студијата се направи проценка на влијанието врз квалитетот на воздухот на територијата на градот Скопје од главните извори на емисија. Иако влезните податоци кои се користени во оваа студија вклучуваат одреден степен на несигурност, сепак оваа студија даде важни информации за нивоата на квалитет на воздух во различните делови од Скопје.

Според пресметките се донесе заклучок дека сообраќајот во Скопје најмногу придонесува за зголемување на концентрациите на NO₂, при што највисоките концентрации се појавуваат по должината на главните патишта и главни крстосници. Додека стационарните извори намногу придонесуваат во концентрациите на SO₂.

Според резултатите од моделирањето, граничните вредности и критичните нивоа ни во еден случај не се надминати. Сепак, измерените концентрации во Скопје се повисоки од моделираните концентрации на SO₂, што покажува дека при моделирањето не се земени во предвид целокупните емисии на територијата на градот Скопје.

Резултатите од моделирањето вклучуваат одредена несигурност што се должи на неверодостојноста на користените метеоролошки податоци и ограничената достапност на добри и квалитетни влезни податоци за емисии од стационарни и мобилни извори на загадување.