Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) од 1979 година стапи во сила во 1983 година. Република Македонија пристапи како земја членка и ја ратификуваше и потпиша Конвенцијата на 17.11.1991 година.Таа денес брои 51 земји потписнички кои ги решаваат главните проблеми во животна средина во рамките на UNECE регионот преку научна соработка и преговори.
Целта на конвенцијата е подобрување на квалитетот на воздухот на локално, национално и регионално ниво преку заедничка соработка и дефинирање на специфични мерки кои треба да ги преземат земјите за да се редуцираат емисиите на одделните загадувачките супстанци од различни сектори (индустрија, земјоделие, сообраќај итн), поради што кон конвенцијата во текот на изминатиот период се дефинирани осум протоколи, кои Република Македонија ги ратификуваше во 2010 година (линк)
Република Македонија преку претставници од МЖСПП, активно учествува во работата на конвенцијата и нејзините работни тела како Извршното тело, Управниот одбор на EMEP, Работна група за стратегии и ревизии и со одредени манадати членува во Имплементaциониот комитет на оваа конвенција како и останатите тела на конвенцијата.
Кон публикациите кои се однесуваат на аерозагадувањето како и стратегиите и политики за неговото намалување може да се пристапи тука
Кон online тренинзите за Конвенцијата и проколите, известување на емиисс согласно барањата на конвенцијата и мониториг на ефекти од аерозагадување, може да пристапите тука