Clean Air

Емисии од сектор Индустрија

Индустриските емисии произлегуваат од неколку различни активности. Производството на минерали (2А) опфаќа цемент, вар, стакло, рударство и градежништво. Хемиската индустрија (2B) вклучува производство на амонијак, киселини и други хемикалии, иако вакви активности не постојат во земјата. Производството на метали (2C) опфаќа железо, челик и разни обоени метали. Употребата на растворувачи (2D3) ги вклучува премазите, хемиското чистење, печатењето и други примени. Категоријата 2G се однесува главно на производството и употребата на огномети. Другото индустриско производство (2H) ги опфаќа производството на целулоза и хартија, прехранбената и пијалочната индустрија и други процеси. Конечно, категоријата 2K се однесува на потрошувачката на POPs и тешки метали во опрема и производи. Севкупно, иако некои категории се занемарливи во однос на нивниот придонес, други доминираат во емисиите на одредени загадувачи, што ја покажува разновидноста на индустриските извори и нивната важност за целно управување со квалитетот на воздухот. Во следните поглавја и графици е даден детален преглед на придонесот на секоја поткатегорија во вкупните емисии на клучни загадувачки супстанци во 2023 година.

2А Производство на минерали

Категоријата Производство на минерали во себе ги опфаќа поткатегориите производство на цемент, производство на вар, производство на стакло и копање и градежништво (градење и демолирање). Загадувачки супстанции кои се емитираат од оваа категорија се цврстите честички (TSP, PM10 и PM2.5) со удел во вкупните емисии на овие загадувачки супстанции од сите индустриски процеси во 2023 година од 73,5%, 57,4% и 23,9% соодветно. Оваа категорија е многу мал, практично занемарлив извор на емисии на останатите загадувачки супстанции.

2B Хемиска индустрија

Категоријата Хемиска индустрија во себе ги опфаќа поткатегориите производство на амонијак, азотна киселина, адипинска киселина, производство на карбид, производство на титаниум диоксид, како и складирање, производство и ракување со други хемиски производи. Заради отсуство на овој вид производство во нашата земја оваа категорија нема практично никаков удел во емисијата на сите загадувачки супстанции опфатени во пресметките.

2C Производство на метали

Категоријата Производство на метали во себе ги опфаќа поткатегориите производство на железо и челик, производство на феролегури, производство на алуминиум, производство на магнезиум, производство на олово, производство на цинк и производство на други метали. Во 2023 година загадувачки супстанции кои се емитираат во поголем удел од оваа категорија, во однос на вкупните емитирани количества од сите категории, се PCB со удел од 41% (од производство на олово), додека Cd, DIOX, Hg имаат помали удели и тоа 17,4% (производство на железо и челик), 14% (производство на железо и челик и производство на олово) и 10% (производство на железо и челик) соодветно. Загадувачки супстанции кои се емитираат од оваа категорија со удел помал од 10% се Pb, Cr, Ni, BC и PAH, додека цврстите честички (TSP, PM10 и PM2.5) се емитаат со многу мал удел во однос на вкупните емисии на овие загадувачки супстанции од оваа категорија.

2D3 Употреба на растворувачи

Категоријата Производство на растворувачи во себе ги опфаќа поткатегориите употреба на растворувачи кај домаќинствата, производство на асфалт, производство на битуменски производи за покриви, апликации за обложување, одмастување, хемиско чистење, печатење и друга употреба на растворувачи. Во 2023 година загадувачки супстанции кои се емитираат во поголем удел од оваа категорија, во однос на вкупните емитирани количества од сите категории, се NMVOC со удел од 29%. Загадувачки супстанции кои се емитираат од оваа категорија со удел помал од 5% се цврстите честички (TSP, PM10 и PM2.5).

2G

Категоријата во себе ги опфаќа . Во 2023 година загадувачки супстанции кои се емитираат во поголем удел од оваа категорија, првенствено преку поткатегоријата производство и употреба на огномети, во однос на вкупните емитирани количества од сите категории, се Pb и Cu со удел од 71% и 48% соодветно, а со помал удел се емитираат Cr (11,5%), Cd (4%) и цврстите честички (TSP, PM10 и PM2,5, 4-5%)

2H Друг вид индустриско производство

Категоријата Друг вид индустриско производство во себе ги опфаќа поткатегориите производство на пулпа и хартија, индустрија на храна и пијалоци, други индустриски процеси. Во 2023 година загадувачки супстанции кои се емитираат во одреден удел од оваа категорија, во однос на вкупните емитирани количества од сите категории, се NMVOC со удел од 2,7% преку поткатегоријата индустрија на храна и пијалоци.

2К Потрошувачка на POPs и тешки метали

Оваа категорија се занимава со емисиите од потрошувачката на POPs и тешки метали. Тие се користат, на пример, во фрижидери, опрема за климатизација и електрична опрема. Во 2023 година загадувачки супстанции кои се емитираат во поголем удел од оваа категорија, во однос на вкупните емитирани количества од сите категории, се PCBs со удел од околу 59%. Загадувачка супстанца која се емитира од оваа категорија со помал удел е Hg (10%).

На следните графици се прикажани емисиите на повеќе загадувачки супстанци од индустриски процеси.

1mk 1mk 1mk 1mk 1mk 1mk