Емисиите на NOx, SOx и честички (PM) се проценуваат во различни подкатегории во рамки на енергетскиот и индустрискиот сектор, како и во стационарни извори во комерцијалниот, резиденцијалниот и земјоделскиот сектор. Главните разгледувани подкатегории вклучуваат: 1A1 – Енергетски индустрии (1A1a – Производство на топлина и електрична енергија, 1A1b – Рафинирање на нафта); 1A2 – Индустрија (1A2a – Железо и челик, 1A2b – Несо-ферни метали, 1A2c – Хемикалии, 1A2d – Хартија, печат и целулоза, 1A2e – Преработена храна, пијалоци и тутун); и стационарни извори во комерцијален/институционален (1A4ai), резиденцијален (1A4bi) и земјоделски/шуми/риболов (1A4ci) сектор.
Емисии на NOx од енергетскиот сектор се прикажани на следниот графикон.
Од трендот за емисии на NOX (изразен во килотони) за периодот 1990-2023 може да се забележи дека највисоки вредности за емисиите на NOX се среќаваат од 1990 до 2012 год. Од 2013 година се забележува опаѓачки тренд на емисиите на NOX и пониски вредности на емисија.
Од графикот за удели на подкатегориите во емисиите на NOX во 2023 година се забележува дека најголем удел има подкатегоријата 1A1 - Eнергетски индустрии со 79%, потоа следуваат 1А2 - Индустрија со 13%, 1A4bi -Резиденцијални објекти: Стационарни со 6%, додека пак подкатегориите 1A4ai - Комерцијални/Институционални објекти:Стационарни и 1A4ci - Земјоделие/Шумарство/Риболов: Стационарни имаат помали удели од 1%.
Емисии на SO₂ од енергетскиот сектор се прикажани на следниот графикон.
Од трендот за емисии на ЅO2 (изразен во килотони) за периодот 1990-2023 може да се забележи дека клучен извор на емисија на SO2 e производство на електрична енергија во термоцентралите со примена на лигнит. На трендот влијае количината на јаглен и мазут која се применува за производство на електрична енергија како и извршените мерења. Во последните години забележани се повисоки емисии, но од стrана на eкспертите од проектот IPA II “Поддршка во имплементација на директивите за воздух” и екперите од IIASA проектот EU 4 green утврдени се големи несигурности во мерењата кои не соодвесвуваат на примената количина на горива и истите следната година ќе бидат рекалулирани со примена на емисиони фактори.з
Од графикот за удели на подкатегориите во емисиите на ЅO2 во 2023 година се забележува дека најголем удел има подкатегоријата 1A1 - Eнергетски индустрии со 99%, потоа следуваа 1А2 - Индустрија со 1%, додека пак другите подкатегории 1A4bi - Резиденцијални објекти: Стационарни, 1A4ai - Комерцијални/Институционални објекти: Стационарни и 1A4ci - Земјоделие/Шумарство/Риболов: Стационарни имаат минимален удел во националните емисии на оваа загадувачка супстанца.
Емисии на PM2,5 од енергетскиот сектор се прикажани на следниот графикон.
Од трендот за емисии на РМ2,5 (изразен во килотони) за периодот 1990-2023 може да се забележи дека највисоки вредности за емисиите на РМ2,5 се среќаваат во 2000 год. а најниски во 2023 . Најголем удел имаат емисиите од употреба на фослни горива во домаќинствата. Ова произлегува од се поголемата употреба на пелети, топлотни пумпи и клима уреда наспроти примената на огревно дрво како најчесто користен енергенс како и употреба на поефикасни уреди за затоплување.
Од графикот за удели на подкатегориите во емисиите на РМ2,5 во 2023 година се забележува дека најголем удел има подкатегоријата 1A4bi - Резиденцијални објекти: Стационарни со 80%, потоа следуваат подкатегориите 1A1 - Eнергетски индустрии со 17%, 1А2 - Индустрија со 3%, додека пак подкатегориите 1A4ai - Комерцијални/Институционални објекти: Стационарни и 1A4ci - Земјоделие/Шумарство/Риболов: Стационарни имаат минимален удел во националните емисии.