Факторите на емисија главно се преземени од EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот.
Грфаикон 1-5 Приказ на уделите на патнички автомобили, лесни и тешки товарни возила, автобуси и мотори во вкупните емисии за 2022 година
Следните графици ја прикажуваат распределбата на емисиите според категориите: патнички автомобили, лесни товарни возила, тешки товарни возила, автобуси и возила од L-категорија.
Најголемиот дел од емисиите на јаглерод моноксид потекнува од патничките автомобили (70%). Лесните товарни возила учествуваат со 12%, додека тешките товарни возила и автобусите заеднички учествуваат со околу 16%
Повеќе од половина од емисиите на неметански испарливи органски соединенија потекнуваат од патничките автомобили (55%). Тешките товарни возила учествуваат со 32%, додека останатите категории имаат помал удел.
Најголем придонес кон емисиите на TSP имаат патничките автомобили (56%), проследени од лесните товарни возила (22%). Тешките товарни возила учествуваат со 15%, а автобусите со 7%.
Емисиите на црн јаглерод се предводени од патничките автомобили (55%). Лесните и тешките товарни возила придонесуваат со по 19%, додека автобусите учествуваат со 7%.
Емисиите од патниот транспорт се пресметуваат со примена на методологијата Tier 3, во целосна согласност со европските стандарди за известување. Во овие пресметки се користи COPERT 5.8 моделот, кој овозможува детални и поточни резултати. Моделот се базира на податоци за структурата и староста на возниот парк, просечната годишна километража, условите на возење и потрошувачката на гориво. Со овој пристап се обезбедува висока прецизност и реална слика за емисиите во рамките на националниот инвентар.
Емисиите на азотни оксиди (NOx) од транспортот имаат значајно влијание врз формирањето на приземниот озон и создавањето на секундарни суспендирани честички, како и врз појавата на надминувања на граничните вредности за азот диоксид (NO₂) во урбаните средини. Возилата со дизел мотори претставуваат особено значаен извор на овие емисии и во услови на зголемена сообраќајна густина нивното влијание е уште поизразено. Ова доведува до трајни проблеми со квалитетот на воздухот и до сериозни негативни последици врз здравјето на населението.
Освен издувните емисии, патниот транспорт создава и емисии на честички кои настануваат како резултат на абење на сопирачките и гумите, како и од абразија на коловозот. Во 2023 година, кај емисиите од абење на сопирачките најголем придонес имаа патничките автомобили, проследени од лесните товарни возила, камионите, автобусите и моторите. Кај емисиите од абење на гумите и абразијата на патиштата, највисоки вредности исто така се регистрираа кај патничките автомобили, по кои следуваат камионите, лесните товарни возила, автобусите и моторите.
Графикон 10-13 Приказ на емисии на PM₁₀ од абење на пневматици, сопирачки и од абразија на патната површина по категории на возила