Clean Air

Емисии од секторот енергетика – Фугитивни емисии

Фугитивни емисии се емисии кои настануваат при истекување, испарување или ненамерен отпуст на гасови и испарливи материи во воздухот, надвор од стандардизираните процеси на согорување или индустриско производство. Кај категоријата фугитивни емисии се среќаваат емисии на NMVOC во следниве подкатегории: 1B1a – Ископување на руди, 1B2aiv – Рафинирање/Складирање, 1B2av – Дистрибуција на нафтени продукти и 1B2c – Проветрување и разгорување (масло и природен гас).

Кај категоријата Фугитивни емисии се среќаваат емисии на NMVOC во следниве подкатегории: 1B1a - Ископување на руди, 1В2аiv - Рафинирање/Складирање, 1В2аv - Дистрибуција на нафтени продукти, 1В2с - Проветрување и разгорување (масло и природен гас).

1mk

Од трендот на емисии за периодот 1990-2023 може да се забележи дека најниски вредности за емисија на NMVOC изразена во килотони) има во 1994, а највисоки во 2001 год, исто така се забележува растечки тренд на емисиите од 2002 до 2023 година заради пораст на приемена на бензин во секторот транспорт.

1mk

Од графикот за удели на подкатегориите во емисиите на NMVOC, се забележува дека најголем удел има подкатегоријата 1В2аv - Дистрибуција на нафтени продукти со 86% удел во емисиите на NMVOC. Понатаму следи подкатегоријата 1B1a - Ископување на руди со 14%, додека пак категориите 1В2аiv - Рафинирање/Складирање и 1В2с - Проветрување и разгорување (масло и природен гас) имаат минимален удел во националните емисии на оваа загадувачка супстанца.

Кај категоријата Фугитивни емисии се среќаваат емисии на SO2 само во подкатегориите 1В2аiv - Рафинирање/Складирање и 1В2с - Проветрување и разгорување (масло и природен гас).

1mk

Oд трендот на емисии во периодот 1990-2023 може да се забележи дека највисока вредност на емисија (изразена во килотони SO2) се среќава во 1990 год, понатаму има нешто пониски вредности на емисиите на SO2. Најниски вредности се среќаваат за годините: 1994, 1995, 2012, 2013, 2014. Во периодот од 2015 до 2023 година не се забележуваат емисии на SO2 заради затворањето на рафинеријата ОКТА.