Во македонскиот национален инвентар за возхух вкупните емисии во земјоделскиот сектор се забележани како важни придонесувачи за NH3, NOx, TSP, PM10, PM2.5, and NMVOC. Во 2023 година уделот во емисиите изнесуваше 96 %, 2 %, 15,92 %, 16,94 %, 1,83 %, и 15 %.На графикот 1 се прикажани емисиите од NH3 во земјоделскиот сектор за 2023 година.
Амонијакот е клучна загадувачка супстанца поврзана со земјоделски активности. Добитокот е доминантен извор на емисии на амонијак, придонесувајќи со повеќе од половина (52%) од вкупниот број. Оваа вклучува емииси од домувањето, складирањето и директното излачување. Животинското ѓубриво придонесува со 19%, што го истакнува значајното влијание на управувањето со ѓубривото. Урината и изметот што ги таложат животните што пасат 16% и неорганските азотни ѓубрива придонесуваат со 13%.. На следниот график се прикажани емисиите од NOX во земјоделскиот сектор за 2023 година.
NOx емисиите се првенствено се предизвикани од неоргански азотни ѓубрива, а животинските извори придонесуваат со помал, но сепак со значаен удел. Доминантен извор на NOx емисиите во овој графикон се неорганските азотни ѓубрива, кои придонесуваат со 74%, следни со најголем удел од 12% се млечните говеда, други извори поврзани со животни, вклучувајќи друг добиток (7%) и кокошки несилки (5%), кои ги зголемуваат емисиите, но се значително помали. Категориите како: свињи, коњи, мисирки, кози и друга живина придонесуваат со занемарливи или 0% количини. На график 3 се прикажани емисиите од NMVOC во земјоделскиот сектор, за 2023 година.
NMVOC емисиите се порамномерно распределени меѓу културите и животните, трите најголеми придонесувачи сочинуваат 80% од емисиите на NMVOC: Одгледувани култури – 34%, Млечни говеда – 30%, Немлечни говеда – 16.
На график 4 се прикажани емисиите од PM2,5 во земјоделскиот сектор, за 2023 година.
Главни извори на PM2.5 се складирање, ракување и транспорт на земјоделски производи на фарма со 54%, значајни животински извори се: млечни говеда-20%, немлечни говеда-10%, овци-9%, живина-5% и другите со помал % на придонес. На селед график се прикажани емисиите од PM10 во земјоделскиот сектор за 2023 година.
Главни извори на PM10 се: складирање, ракување и транспорт на земјоделски производи на фарма кои придонесуваат со 90% од вкупните емисии, и сите извори поврзани со животните заедно придонесуваат само 10%, при што ниту еден од нив поединечно не е над 3%.Емисиите од TSP во земјоделскиот сектор за 2023 година, се прикажани на график 6.
Најголемиот дел од емисиите на TSP (72%) доаѓа од складирање, ракување и транспорт на земјоделски производи на фармата. Ова вклучува прашина генерирана за време на ракување со жито, преработка на храна за животни и транспортни активности на фармите, како и придонеси од добиток: кокошки несилки 11%, свињи 7%, млечни говеда 4%, овци 3%, немлечни говеда 2%, други помали извори (коњи, кози, бројлери, мисирки, друга живина): секој придонесува 0–1%. Овие вредности ги одразуваат емисиите на честички од сместувањето на добитокот, управувањето со ѓубривото и активностите на животните (како движење и хранење), кои сите генерираат прашина и други суспендирани честички.
Главниот дел од емисиите на NH3, NMVOC и PM2,5 (49%) се поврзани со производството на добиток. Емисиите на PM, NOx, а особено емисијата на TSP, се доминирани од емисиите од складирање, ракување и транспорт на земјоделски производи на фармата, неоргански азотни ѓубрива и култивирани култури. Трендот на емисиите од NH3 во земјоделскиот сектор за период 1990-2023 година е прикажан на следен график.
Националниот инвентар на загадувачи на воздухот, подготвен во согласност со барањата на UNECE CLRTAP и барањата на ЕУ (Директива NEC), го идентификува земјоделството како еден од примарните сектори за емисии на NH₃, сочинувајќи над 90% од вкупните национални емисии на амонијак.
Додека ги разгледуваме трендовите на емисиите на амонијак (NH₃) од земјоделството во Северна Македонија кај популациите на добиток, вкупната популација на добиток континуирано се намалува, особено кај овците, козите и коњите, како и кај живината.
Вкупното производство на свињи се зголеми за 8,3% помеѓу 1990 и 2023 година, главно поради зголеменото производство на свињи за гоење.Се вложуваат напори за подобрување на точноста на податоците преку подобри податоци за активноста и фактори на емисии, како и за воведување практики за ублажување како што се покриено складирање на ѓубриво, прецизна примена на ѓубрива и техники на намалена обработка на земјиштето.Емисиите од урина и измет наталожен од животни што пасат беа важен извор на амонијак (NH₃) во рамките на инвентарот за загадување на воздухот во Северна Македонија. Овие емисии произлегуваат од природното излачување на животните на пасишта, при што азотот во урината и изметот минуваат низ процеси на испарување што ослободуваат NH₃ во атмосферата. Емисиите од урина и измет наталожен од животни што пасат во периодот 1990-2023 година во Северна Македонија покажаа умерени флуктуации.