☰
Македонски
Македонски
Англиски
Податоци
Преглед на податоци
Анализа на податоци
Надминувања на гранична вредност
Прагови на алармирање
Индекс за квалитет на воздух
Законодавство
Закон за квалитет на воздух
Подзаконски акти и упатства
-Квалитет на воздух
-Емисии во воздух
-Плански документи
Гранични/целни вредности и прагови
Информации
Ефекти врз здравјето
Емисии во воздух
-Емисии во воздух
-Опис на загадувачки супстанци
-CLRTAP (Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето)
-Инвентари на емисии на загадувачки супстанци во воздух
-Извори на емисии
-Прилагодување
-Емисии по гридови
-Емисии од големи точкасти извори
-Национални проектирани емисии
-Национални обврски за редукција на емисии во воздух (NRCs)
Моделирање
Проекти
Публикации
Дневен извештај
Месечни Извештаи
Годишен извештај
Извештај за оценка на квалитет на воздух
Извештаи за инвентари на емисии
Индикатори за животна средина – Воздух
Брошури
Други извештаи
Плански документи
Национални
Локални
-Планови за квалитет на воздух
-Краткорочни планови
-Упатство за ЕЛС за изработка на плански документи
За ДАМСКАВ
Историја на развој на системот
Преглед на мониторинг станици
Мерни инструменти и мерни методи
Калибрациона лабораторија
Управување со податоците
Проекти за воздух финансирани од JICA, EU, GTZ, Холандска влада
Проекти
Подршка за имплементација на директивите за квалитет на воздух, ЕU IPA 2
Регионален проект EU4Green „Поддршка во имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан“, ЕU IPA 2
Регионален проект за квалитет на воздух, “Управување на квалитетот на воздухот за селектирани прагови во Западен Балкан” во рамките на Регионалната програма за техничка поддршка на Светска банка
Регионален проект за подобрување на квалитет на воздух во Западен Балкан, Шведска Влада
ПРОЕКТ „ЕУ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“, EU IPA 3
Проект „Справување со загадувањето на воздухот“ во Куманово, Струмица, Гостивар, Струга и Кавадарци, Шведска Влада, SIDA, UNDP
ЛОТ2: Набавка на опрема за мониторинг на квалитет на воздух за системот за мониторинг на животна средина, EU IPA 2
Зајакнување на капацитетите на централно ниво за намалување на цврсти честички во воздух преку користење на нуклеарни технологии, IAEA
Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје, Шведска Влада, SIDA, UNDP
Поддршка на Македонија во пристапувањето кон ЕУ во областа на животната средина 2019-2021, Шведска Влада, SIDA
Развој и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот, EU INTERREG IPA програма за прекугранична соработка помеѓу Репубилка Грција и Република Македонија за период 2014-2020
Набавка на опрема, EU IPA TAIB 2012/2013
Твининг проект – EU IPA TAIB 2012
ЛОТ 1: Набавка на метеоролошки станици, ЛОТ 2: Набавка на мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух и ЛОТ 3: Набавка на Интегриран систем за управување со квалитет на воздух, EU IPA TAIB 2008
Твинининг проект „Зајакнување на капацитетите на централно и локално ниво во управувањето со животната средина во областа на квалитетот на воздухот”, EU IPA TAIB 2008
Ратификација и имплементација на протоколот за тешки метали, протоколот POPs и Гетеборшкиот протокол кон Конвенција на далекусежно прекуграничен пренос на загадувачки супстанци, Холандска Влада
Техничка подршка за Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, Германска Влада
Твининг проект „Подобрување на квалитетот на воздухот“, ЕU CARDS 2005
Национална стратегија за апроксимација во животната средина – EU CARDS 2005
Управување со животна средина – ЕU CARDS 2004
Набавка на мониторинг станици за квалитет на воздух – ЕU CARDS 2001
Набавка на фиксни мониторинг станици за квалитет на воздух, EU PHARE COP 99
Студија за Мониторинг систем за квалитетот на воздухот – JICA
Проект
Студија за Мониторинг систем за квалитетот на воздухот
Донор
JICA (Јапонската агенција за меѓународна соработка)
Период
1997-1999
Буџет
2.700.000 USD
Краток опис
Дизајнирањето на современ Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух започна во 1997 година со изработка на Студија за Мониторинг систем за квалитетот на воздухот во Република Македонија. Студијата ја опфати територијата на државата, за која се направи детален план за воспоставување на мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. Во рамките на овој проект беа поставени: четири мониторинг станици во Скопје и тоа во Карпош, Гази Баба, Центар и Лисиче како и централна станица за прибирање на податоците за измерените концентрации на загадувачките супстанци озон, сулфур диоксид, азотни оксиди, јаглерод моноксиди суспендирани честички со големина до 10 микрометри од мониторинг станиците.
Проект
Набавка на фиксни мониторинг станици за квалитет на воздух
Донор
EU PHARE COP 99
Период
Јуни – Декември 2002
Буџет
350.000 EUR
Краток опис
Во рамките на проектот беа инсталирани 3 мониторинг станици за квалитет на воздух во Кичево, Кочани и Куманово и 3 високо волуменски семплери за мерење на суспендирани честички со големина до десет микрометри. Исто така, беше променет софтверот во централната станица, во која секој час пристигнуваа податоците од сите станици преку телефонска модемска врска.
Проект
Набавка на мониторинг станици за квалитет на воздух
Донор
EU CARDS 2001
Период
Август 2003 – Maj 2004
Буџет
1.100.000 EUR
Краток опис
Со овој проект беа набавени и инсталирани 6 мониторинг станици за квалитет на воздух кои беа поставени на следните локации и тоа во Битола и Велес по 2 станици, Тетово и с.Лазарополе по 1 станица, 1 мобилна станица поставена во Кавадарци, 1 станица за следење на загадувањето од сообраќајот поставена во Ректорат на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” спроти Судска палата. Исто така, беа донирани и 6 нискo и 1 високо волуменски уред за земање примероци за мерење , теренско возило за одржување на системот, комплетна калибрациона лабораторија која е сместена во рамките на Централната Лабораторија за животна средина, резервен сет анализатори и две дигитални ваги. Воедно беа променети сите анализатори во скопските станици со што практично истите беа комплетно репарирани и унифицирани со останатата опрема од станиците низ Република Македонија.
Проект
Управување со животната средина
Донор
ЕU CARDS 2004
Период
Јуни 2005 – Мај 2007
Буџет
Краток опис
Во рамките на компонентата М3 од проектот се изработи прелиминарна оценка на квалитетот на воздухот на територијата на државата согласно рамковната директива за воздух 96/62/ЕC, за загадувачките супстанци CO, SO2, NO2, O3 и PM10 и се даде предлог за воспоставување на зоните/агломерациите за квалитет на воздух.
Проект
Националната стратегија за апроксимација во животната средина
Донор
EU CARDS 2005
Период
Февруари 2006 – Април 2007
Буџет
Краток опис
Во рамките на проектот се изготви Национална стратегија за апроксимација во животната средина и 11 секторски стратегии. Се подготви стратегија за апроксимиција за квалитет на воздух. Се изготвија коресподентни тебели, имплементациони прашалници и анализа на трошоци за имплеменатција на рамковната директива за квалитет на воздух 96/62/ЕC и директивата за национални горни граници – плафони за емисии во воздухот 2001/81/ЕC. За директивата за озон 2002/3/ЕC и директивата за тргување со емисии на јаглерод диоксид 2003/87/ЕC се изработија коресподентни табели и имплементациони анализи.
Проект
Твининг проект „Подобрување на квалитетот на воздухот“
Донор
ЕУ CARDS 2005
Период
Септември 2006 – Мај 2008
Буџет
600.000 EUR
Краток опис
Проектот беше првиот Твининг проект во областа на животната средина во Македонија и на Балканот. Твининг партнер во проектот беше Финска, а помлад партнер Австрија.
Проектот се реализираше преку имплементација на следните пет компоненти:
Компонента 1 – Подготовка на упатства и подзаконски акти во која беа изработени: Упатство за примена на Уредбата за гранични вредности за квалитет на воздух, Правилник за мониторинг на квалитет на воздух и известување и Правилник за содржината и начинот за подготовка на Националниот план, програмите и акционите планови за заштита на амбиентниот воздух како и упатства за нивна примена.
Компонента 2 – Инвентари на емисии во воздух во рамките на која се направи анализа на недостатоци на емисионите инвентари во Република Македонија, се подобрија перформансите на постоечката база на податоци со можност за пребарување и добивање на разни видови извештаи.
Компонента 3 – Прелиминарна проценка на квалитетот на воздухот во рамките на која беа изработени Извештај за оценка на квалитетот на воздухот за загадувачките супстанци CO, SO2, NO2, O3 и PM10 и беше подобрена методологијата за изработка на извештајот.
Компонента 4 – Мерења на квалитетот на воздухот и лабораториска работа во рамките на која беше изработен План за обезбедување на сигурност и контрола на квалитет на податоци за квалитет на воздух. Со овој твининг проект се зајакнаа и капацитетите на МЖСПП за одржување, сервисирање и калибрација на инструментите за мониторинг на квалитет на воздух, како и за мерење на емисии во воздухот.
Компонента 5 – Дисперзионо моделирање во рамките на која беа инсталирани два модела за моделирање на квалитетот на амбиентниот воздух од стационарни извори и од сообраќајот, при што беше изработено предвидување на квалитетот на воздухот во околината на поголемите стационарни извори и истите беа интегрирани во извештајот за оценка на квалитетот на воздухот.
Проект
Техничка подршка за Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух
Донор
Германска билатерална помош финансирана од Центарот за Меѓународна миграција (ЦИМ) и развој со ГТЗ (Германски Технички Завод) и БА (Федералниот сервис за работа)
Период
Февруари 2005 – Јуни 2009
Буџет
109.608 EUR
Краток опис
Преку овој проект се обезбеди германски експерт како техничка помош во управувањето со Државниот автоматски мониторинг за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) во Република Македонија.
Со финансиска помош од ЦИМ организацијата, беа опремени работилницата за сервисирање на интрументите за мониторинг на квалитет на воздух и калибрационата лабораторија. Воедно експертот помогна во изготвувањето на програма, план за работа и подготовка на дел од документација за воспоставување на системот за обезбедување на сигурност и контрола на квалитетот во рамките на ДАМСКАВ.
Проект
Ратификација и имплементација на протоколот за тешки метали, протоколот POPs и Гетеборшкиот протокол кон Конвенција на далекусежно прекуграничен пренос на загадувачки супстанци
Донор
Холандската влада
Период
Октомври 2009 – Септември 2012
Буџет
135.000 USD
Краток опис
Проектот имаше за цел да помогне на Република Македонија да се ратификуваат и имплементираат трите последни протоколи, односно протоколот за тешки метали, протоколот POPs и Гетеборшкиот протокол кон CLTRAP преку подготовка на имплементациони планови за ратификација на истите.
Проектот се спроведуваше во земјите од Западен Балкан (Србија, Албанија, Црна гора, Босна и Херцеговина и Република Македонија). За секоја од зeмјите посебно беа обезбедени финансиски средства во висина од 135,000 Американски долари.
Во рамките на овој проект се подготвија:
Национален план за заштита на амбиентниот воздух
Национален план за редукција на емисии
Инвентар на тешки метали
Проект
Твинининг проект „Зајакнување на капацитетите на централно и локално ниво во управувањето со животната средина во областа на квалитетот на воздухот”
Донор
EU IPA TAIB 2008
Период
Септември 2010 – Октомври 2012
Буџет
1.000.000 EUR
Краток опис
Твининг проектот имаше за цел подобрување на управувањето со квалитетот на воздухот во земјата. Проектот заеднички се имплементираше од страна на Финскиот метеоролошки институт, Агенцијата за животна средина на Австрија и Италијанското Министерство за животна средина, копно и море. Имено, од земјите членки на ЕУ, Финска беше избрана за лидер на проектот, а Австрија и Италија како помлади партнери.
Во проектот активностите се спроведуваа во три компоненти:
Компонента 1 – Понатамошен развој на легислативата
Компонента 2 – Зајакнување на административните капацитети за имплементација на легислативата за квалитет на амбиентенот воздух
Компонента 3 – Зајакнување на административните капацитети за мерење, мониторинг и известување за квалитет на воздух
За да се обезбеди успешната имплементација на проектот, покрај Министерството за животна средина и просторно планирање во проектот се вклучени сите релевантни институции кои имаат надлежност во областа на животната средина и тоа Управата за хидрометеролошки работи, Институт за јавно здравје, како и избраните пилот единици на локалната самоуправа Град Скопје, Гостивар, Берово, Кавадарци, Аеродром, Карпош и Битола.
Во рамките на компонента 1 се подготвија следните правилниците и упатства:
Правилник за поблиски услови за вршење на определени видови стручни работи и во поглед на опремата, уредите, инструментите и соодветните деловни простории кои треба ги исполнуваат субјектите кои вршат определени стручни работи за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух (Службен Весник на РМ број 69, 23.05.2011);
Правилник за формата и содржината на обрасците на доставување на податоците од емисиите во амбиентниот воздух од стационарните извори, начинот и временскиот период на доставување согласно капацитетот на инсталацијата, содржината и начинот на водење на дневникот за емисии во амбиентниот воздух (Службен Весник на РМ број 79, 13.06.2011);
Правилник за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори (Службен Весник на РМ број 11, 24.01.2012);
Измени и дополнувања на Законот за квалитет на амбиентиот воздух
Упатствата за правилникот за ГВЕ од стационарните извори и правилникот за мерење на емисии се финализирани.
Во рамките на компонента 2 се подготвија следните документи:
Проценка на капацитетите на институциите од централно ниво (МЖСПП, УХМР и ИЈЗ) и ЕЛС (Град Скопје, Кавадарци, Битола, Аеродром, Карпош, Берово и Гостивар) во однос на управувањето со квалитетот на воздухот и подготвка на планови за нивно зајакнување.
Обука на ЕЛС и институциите на централно ниво за подготовка на плански документи
Програма за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот за градот Битола
Во рамките на компонента 3 се подготвија следните документи и се реализираа следните активности:
Упатство за квалитет на проценка и квалитет на контрола за мерењата на квалитет на воздух и калибрационата лабораторија
Обуки за зајакнување на капацитетите за мониторинг, оценка и известување за состојбата со квалитетот на воздухот
План за процесот на акредитација на калибрационата лабораторија
Направени се индикативни мерења на лесно испарливите органски соединенија (Volatile Organic Compounds VOC), во период од една година на две локации, едната во центарот на Скопје, Ректорат, а другата во околината на рафинеријата Окта, Миладиновци и подготвен е извештај
Оценка за квалитетот на воздухот за период 2006-2010 и ревизија на листа на зони и агломерации
Развој на веб порталот за квалитет на воздух
Проект
ЛОТ 1: Набавка на метеоролошки станици ЛОТ 2: Набавка на мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух ЛОТ 3: Набавка на Интегриран систем за управување со квалитет на воздух
Донор
EU IPA TAIB 2008
Период
2010 – 2011
Буџет
522.940 EUR (ЛОТ1 – 62.340 EUR, ЛОТ2 – 329.600 EUR, ЛОТ3 – 131.000 EUR)
Краток опис
Набавката на опремата вклучува две автоматски станици за мониторинг на квалитетот на воздухот. Овие станици имаат анализатори за мониторинг на сулфур диоксид (SO2), азотни оксиди (NOX), јаглерод моноксид (CO), озон (O3), цврсти честички (PM2.5 и PM10), бензен и останати испарливи органски соединенија. Станиците беа лоцирани во Скопје, во општините Карпош и Центар. Со новата опрема, започна мониторингот на цврстите честички (PM2.5).
Набавката на опремата, исто така вклучува и три нови автоматски метеоролошки станици и една напредна метеоролошка станица. Новите метеоролошки станици се лоцирани во Битола, Охрид и Крива Паланка. Напредната метеоролошка станица е сместена во Црешево, во Скопската котлина.
Покрај опремата за мониторинг, со финансии од ЕУ е извршена и набавка на систем за управување со податоци за квалитет на воздухот. Софтверот Airviro, е разработен од страна на Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт и Apertum IT AB. Системот ги собира и зачувува податоците од автоматските мониторинг станици за квалитет на воздух и има алатки за валидација на податоците и контрола на квалитетот на овие податоци.
Проект
Твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитет на воздухот“, IPA TAIB 2012
Донор
IPA TAIB 2012
Период
Мај 2015 – Јануари 2017
Буџет
1.100.000 EUR
Краток опис
Проектот се имплементираше во соработка со Финскиот метеоролошки институт и Агенцијата за животна средина на Австрија, а покрај Министерството за животна средина и просторно планирање во активностите на проектот беа вклучени и Институтот за јавно здравје, Градот Скопје и неколку други општини. Целта на проектот е беше да се зајакнат административните капацитети во областа на управувањето со квалитетот на воздух и влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето преку имплементација на соодветното ЕУ законодавство.
Активностите се реализираа во 4 компоненти:
Компонента 1. Зајакнување на капацитетите на централната лабораторија за животна средина лабораторија во областа на мерења за квалитетот на воздухот, мерења на емисиите и хемиски анализи поврзани со загадувањето на воздухот
Прирачник за квалитет и Стандардни оперативни процедури (SOPs) за калибрационата лабораторија
Спроведена е Кампања за индикативни мерења на тешки метали и полициклични ароматични јаглеводороди
Примена на PMF моделот за утврдување на уделите на различните извори на емисии на позадинската локација Карпош во Скопје
Извештај за состојбата на централната лабораторијата за животна средина и план за модернизација на лабораторијата
Компонента 2. Зајакнување на капацитетите за вршење на емисионен инвентар и дисперзионо моделирање вклучувајќи моделирање на изложеноста
Инвентарот на емисии на загадувачки супстанци во воздух за 2014 година и информативен извештај за инветарот
Студија за оценка на квалитетот на воздухот со употреба на дисперзионо моделирање за Скопје
Компонента 3. Понатамошно подобрување на управувањето со податоците за квалитетот на воздухот и известување на информации поврзани со квалитетот на воздухот и користење на информациите за квалитет на воздухот за поддршка на политиката за животна средина и планирањето и спроведувањето на акциони планови за чист воздух
Планови за квалитет на воздухот и краткорочни акциони планови за агломерација Скопје и за Тетово
Нова верзија на порталот за квалитет на воздух
Воспоставен е системот на електронско известување за квалитет на воздух до Европската агенција за животна средина (ЕЕА) согласно одлуката 2011/850/ЕЦ
Извештај за квалитет на воздух за период 2015-2015 година
Стратегија за комуникација за информирање за состојбата на квалитетот на воздухот;
Три брошури со цел подигнување на свеста кај граѓаните
Иницијатива за почист воздух преку изработка на ТВ спот и Facebook страна „Дишеме Заедно“
Компонента 4. Зајакнување на капацитетите за проценка на влијанието на загадување на воздухот врз здравјето на луѓето
Нацрт Национален акциски план за процена на здравствените ризици при краткотрајни и долготрајни епизоди на аерозагадувањето
Воспоставен е основен методолошки пристап за процена на здравствените ризици
Нацрт национална Програма за воведување на хуман биомониторинг за процена на нивото на персонална изложеност на клучните контаминенти на аерозагадување во Република Македонија
Студија за ефектите од загадувањето со цврсти честички врз морталитетот во Скопскиот регион
Проект
Набавка на опрема
Донор
EU IPA TAIB 2012/2013
Период
Октомври 2016 - Јуни 2017
Буџет
242,562.00 €
Краток опис
Во рамките на овој проект за набавка обезбедена е опрема за следење на квалитетот на воздухот и возило за сервисирање и одржување на државниот систем за мониторинг на квалитетот на воздухот. Имено, купена е една мобилна станица за следење на квалитетот на воздухот и анализатори што се користеа за замена на старите инструменти во постојните станици: Куманово, Тетово и Битола 2. Дополнително, беа обезбедени и гасови за калибрација.
Проект
Развој и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот
Донор
EU INTERREG IPA програма за прекугранична соработка помеѓу Репубилка Грција и Република Македонија за период 2014-2020
Период
Август 2018 - Јули 2021
Буџет
Вкупен буџет за сите партнери: 958.331,00 € Буџет на МЖСПП: 323.340,00 Евра
Краток опис
Проектот се спроведуваше во соработка со Центар за климатски промени - Гевгелија и 3 партнери од Република Грција: Центар за животна средина на Западна Македонија, Република Грција, Општина Лерин и Европската регионална мрежа за соработка.
Основни цели на проектот се:
Проценка на влијанието на квалитетот на воздухот во прекуграничниот регион
Воспоставување на механизам за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух
Проценка на влијанието врз здравјето на луѓето и развој на здравствен индекс
Прекугранична соработка
Реализирани активности во рамките на проектот:
Подготовка на локален инвентар на емисии во воздух
Набавка на опрема за мониторинг на квалитет на воздух
Индикативни мерења на составот на PM честичките
Подготвка на план за квалитет на воздух
Оценка на здравствените ефекти од загадувањето
Организација на кампањи за подигнување на јавна свест
Организација на обуки за управување со квалитет на воздух
Проект
Поддршка на Македонија во пристапувањето кон ЕУ во областа на животната средина 2019-2021
Донор
SIDA - Шведска агенција за меѓународна соработка и развој
Период
Мај 2019 - Декмври 2022
Буџет
Вкупен буџет за сите компоненти: 1.087.246,00 € Буџет за компонента воздух: 756.893,00 Евра
Краток опис
Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на МЖСПП во дефинираните области во подготовките за пристапувањето кон ЕУ во областа на животната средина.
Активности во компонентата за квалитет на воздух:
Поддршка на Македонскиот систем за мониторинг на квалитет на воздух, вклучувајќи и проценка на постојниот систем и последователни стратешки инвестиции во инфраструктура.
Поддршка за надградба и подобрување на системот за управување со податоци и системот за е-известување за квалитет на воздух, согласно ЕУ одлуката 2011/850/ЕУ.
Реализирани активности:
набавка на нови мерни инструменти, со кои се заменија дел од застарените инструменти од мониторинг станиците како и набавка нови инструменти за PM2.5. Инструментите се инсталирани во април 2021 година.
надградба на системот за управување со податоци AIRVIRО
инсталација на RAVEN софтверот за известување на податоците за квалитет на воздух.
Изработка на Информативната кампања за квалитетот на воздухот со фокус на согорувањето на дрвото и неговата поврзаност со квалитетот на воздухот, во рамките на која се изработи: - Едукативно видео во соработка со Види Вака, вклучително интервјуа и од специјалист во МЖСПП, македонските експерти, тимот на проектот SwEPA и експертите за горење дрва од Шведска. -Краток филм со македонскиот актер Игор Ангелов, кој дава „топли препораки“ за горење дрва -Кампања за социјални медиуми спроведена во периодот 09.02 – 11.04.2023 година на Facebook и Instagram.
Проект
Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје
Донор
Шведска агенција за меѓународна развојна соработка и делумно УНДП
Период
декември 2019 – август 2022
Буџет
2.197.937,34 американски долари
Краток опис
lblRow11.4-2 Проектот има четири главни компоненти: Компонента 1: Развивање на сеопфатен систем за следење за пилот-областа и координативна платформа за справување со загадувањето на воздухот; Компонента 2: Имплементирање на регулаторни промени потребни за транзиција кон енергетски систем за домаќинства со пониски емисии; Компонента 3: Демонстрација на мерки што се справуваат со причините за загадување за греење на домаќинствата и Компонента 4: Подигнување на јавната свест.
Реализирани активности:
Спроведено е следење на квалитетот на воздухот на неколку локации во Скопје
Изработена е Студија за распределба на изворите за Скопје
Спроведено е континуирано следење на квалитетот на надворешниот воздух на 3 локации во Лисиче
Спроведено е истражување поврзано со практиките за греење на домаќинствата во Скопската котлина
128 домаќинства ги заменија своите стари и неефикасни системи за греење со нови енергетски ефикасни, како и во зависност од препораките од енергетските ревизии, во овие домаќинства се случија одредени интервенции за енергетска ефикасност (на пр. замена на старите прозорци/врати, изолација на фасадата и покривот и слично).
Организирани се две обуки за градење капацитети за претставници на граѓански организации и продавачи на грејни тела.
Во соработка со Здружението на новинари, беше организиран натпревар за најдобра приказна, кратко видео и документарец на тема: Справување со загадувањето на воздухот - зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија за националните новинари кои работат на теми поврзани со загадувањето на воздухот и/или заштитата на животната средина.
Проект
Зајакнување на капацитетите на централно ниво за намалување на цврсти честички во воздух преку користење на нуклеарни технологии
Донор
IAEA – Меѓународна агенција за атомска енергија
Период
2 години (2020-2021)
Буџет
300.000,00 ЕУР
Краток опис
Целта на проектот е да се намалат нивоата на цврстите честички во воздухот и да се дефинираат мерки за ублажување со цел подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија. Со проектот ќе се зајакнат капацитетите на МЖСПП за користење на нуклеарни технологии во откривање на составот на PM фракциите и одредување на изворите на загадување.
Реализирани активности:
Набавка на 4 ниско волуменски секвенцијални семплери
Набавка на X-RayF спектрометар и референтни материјали
Обука за калибрација на X-RayF спектрометарот со референтни стандарди
Обука за употреба на рецептор модели за утврдување на уделите на различните извори на загадување
Проект
ЛОТ2: Набавка на опрема за мониторинг на квалитет на воздух за системот за мониторинг на животна средина
Донор
IPA II програма на Европската Унија
Период
Октомври 2023 - Јуни 2024
Буџет
378.800,00 ЕУР
Краток опис
Со проектот за набавка на опрема финансиран од ИПА 2 програмата, се заврши процесот на замена на застарените мерни инструменти во мониторинг станиците во Скопје (Карпош, Центар, Лисиче, Гази Баба) и во Лазарополе. Во рамките на овој проект е набавени се вкупно 27 анализатори (4 – РМ10, 4 – РМ2.5, 4 – SO2, 4 – О3, 6 – NO, NO2, NOx, 5 – CO), 2 ниско волуменски уреди за земање на примероци, 1 високо волуменски уред за земање примероци и 7 сета за мерење на метеоролошки параматри.
Проект
Проект „Справување со загадувањето на воздухот“
Донор
Проектот е финансиран од Шведска (SIDA), а имплементиран од УНДП
Период
декември 2022 – април 2026
Буџет
2.56 милиони USD
Краток опис
Активностите предвидени во проектот се спроведуваат во следните пет општини: Куманово, Струга, Струмица, Гостивар и Кавадарци. Целта на проектот е да ги идентификува изворите на загадување на воздухот, да предложи соодветни мерки за решавање на проблемите со загадувањето на воздухот, како и да ја подигне јавната свест и да поттикне промена на однесувањето на граѓаните на оваа тема.
Проектот е поделен на четири главни компоненти:
Следење на квалитетот на воздухот во пет општини и моделирање на изворите на загадување на воздухот;
Зајакнување на капацитетите за управување со квалитетот на воздухот на локално ниво;
Демонстрација на приоритетни мерки кои се однесуваат на причините за загадувањето
Јавната свест и споделување знаење
Реализирани активности
Се спроведе анкета и се изготви извештај од истражување на перцепцијата на граѓаните и претставниците од локалната самоуправа и јавните институции и установи за прашања поврзани со загадувањето на воздухот во Кавадарци, Струмица, Гостивар, Куманово и Струга
Завршено е следењето на квалитетот на воздухот во пет општини со времетраење од 1 година во период март 2023 до април 2024 година и направено е моделирање за утврдување на изворите на загадување на воздухот;
Подготвен тренинг план за општините и спроведени обуки за претставници на општините
Изработен нов План за квалитет на воздух за Струмица и ажурирани локалните плановите за квалитет на воздух за општините Кавадарци, Струга, Куманово и Гостивар и дефинирање на приоритетни мерки кои ќе се имплементираат во рамките на проектот кофинасирани од ЕЛС;
Проект
ПРОЕКТ „ЕУ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“
Донор
EU IPA 3
Период
јули 2023 до јуни 2026 година
Буџет
10 милиони евра
Краток опис
Главната цел на проектот e да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Северна Македонија и намалување на ризиците по здравјето на луѓето, односно да се подобри квалитетот на воздухот во четири големи градови во Северна Македонија преку намалување на емисиите на загадувачки супстанци, пред се PM2.5 и PM10. Проектот се спроведува во четири општини: Скопје, Куманово, Тетово и Битола.
Очекувани резултати:
Намалено загадување од системите за греење на јавните објекти
Намалено загадувањето од јавниот превоз во Скопје
Подобрен квалитет на воздухот со креирање на зелените појаси
Воспоставени предуслови за проширување на областа топлинска мрежа во Скопје – Физибилити студија
Зголемен капацитет за следење на квалитетот на воздухот
Активности:
промена на системите за греење во 40 јавни објекти, односно околу 80 индивидуални системи во четири општини (Скопје, Битола, Тетово и Куманово);
набавка на 6 еколошки автобуси (CNG) за поддршка на јавниот превоз во Скопје
набавка на 6.000 садници и нивна дистрибуција во четирите градови,
Изработка на Физибилити студија за натамошно проширување на топлификационата мрежа во Скопје,
Набавка на опрема за мониторинг на квалитет на воздух
Проект
Регионален проект за подобрување на квалитет на воздух во Западен Балкан
Донор
Проектот е финансиран од Шведска, а се спроведува од страна на Шведската агенција за животна средина, Шведскиот хидрометеоролошки институт и УНИЦЕФ
Период
август 2022 – јули 2025
Буџет
/
Краток опис
Главна цел на проектот: подобрено исполнување на барањата на ЕУ за квалитетот на воздухот во Поглавје 27, односно:
Зголемен капацитет за обработка на податоците за емисиите
Зголемен капацитет за насоки кон ЕЛС
Зголемена јавна достапност на податоците за квалитет на воздух
Воспоставен регионален дијалог за достапност, стекнување и користење на податоци за квалитет на воздух.
Проект
Регионален проект за квалитет на воздух, “Управување на квалитетот на воздухот за селектирани прагови во Западен Балкан” во рамките на Регионалната програма за техничка поддршка на Светска банка
Донор
Светска банка
Период
август 2022 – декември 2024
Буџет
/
Краток опис
Во проектот се вклучени Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.
Главни активности во проектот се:
Поддршка на ЕЛС во примена на модели за утврдување на ефективноста на мерките наведени во Плановите за квалитет на воздух
Анализа и подобрување на Програмите за субвенции на локално и централно ниво
Подготовка на детална функционална анализа на МЖСПП и останатите релевантни институции за управување со квалитетот на воздухот согласно барањата наведени во директивите за воздух.
Обуки за зајакнување и капацитетите на централно и локално ниво во областа на управување на квалитетот на воздухот
Проект
EU4Green „Поддршка во имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан“
Донор
IPA програма на Европската Унија
Период
2022 - 2025
Буџет
/
Краток опис
Проектот е регионален и се имплементира, од страна на Агенцијата за животна средина Австрија. Во проектот се вклучени следните земји: Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.
Целта на проектот е да ги поддржи земјите од Западен Балкан во имплементацијата на Зелената агенда, во позеленувањето на нивните економии во консултација со сите релевантни партнери и во зајакнувањето на мониторингот и известувањето. Акцентот е ставен на:
Декарбонизација: клима, енергија, мобилност
Намалување на загадувањето: воздух, вода и почва
Биодиверзитет: заштита и реставрација на екосистемите
Циркуларна економија
Одржливо земјоделство и производство на храна.
Во делот за воздух планирани се следните активности:
Организација на работилници и изработка на упатства за изработка на планови за квалитет на воздух со особен акцент на намалување на емисиите од домашното затоплување и горењето на земјоделскиот отпад
Развој на план за воспоставување систем за следење на влијанијата врз екосистемот согласно NEC директивата
Развој на план и препораки за воспоставување на Национална референтна лабораторија за квалитет на воздух
Дефинирање на обврските за редукција на емисиите во воздухот согласно NEC директивата и Гетеборшкиот протокол.
Реализирани активности:
Изработени се упатства за изработка на планови за квалитет на воздух како и упатства на намалување на емисиите од домашното затоплување и горењето на земјоделскиот отпад;
Подготвен е драфт план за воспоставување систем за следење на влијанијата врз екосистемот согласно NEC директивата;
Подготвен е план и препораки за воспоставување на Национална референтна лабораторија за квалитет на воздух;
Дефинирани се обврските за редукција на емсиите во воздухот согласно NEC директивата и Гетеборшкиот протокол по параметар за секоја држава земајќи го предвид прекуграничниот пренос на аерозагадувањето помеѓу земјите од Западен Балкан.
Реализирани регионални работилници за национална референтна лабораторија, за мониторинг на влијанието на загадувањето на воздухот врз екосистемите согласно NEC директивата, за управување со квалитет на воздух, како и интерлабораториска компарација со инструменти за мерење на квалитет на воздух
Проект
Подршка за имплементација на директивите за квалитет на воздух
Донор
IPA2 програма на Европската Унија
Период
05 Ноември 2024 - 05 Ноември 2026
Буџет
1.500.000 €
Краток опис
Цел на проектот е подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух преку подготвка на релевантни документи и законодавство во согласност со законодавството на ЕУ и зајакнување на административните капацитети за нивно спроведување. Во рамките на проектот се планира: докомплетирање на законската легислатива за воздух, односно подготовка на нов закон за квалитет на амбиентен воздух и повеќе подзаконски акти, подготовка на планови за имплементација на директивите за квалитет на воздух, подготовка на национални плански документи за заштита на амбиентниот воздух и извештаи за стратегиска оценка за нивното влијание врз животната средина, подготовка и спроведување на план за мониторинг на тешки метали, VOCs и PAHs, и воспоставување на зони и агломерации за овие супстанци, подготовка на извештај за оценка на квалитет на воздух и извештај за оценка на влијанието на природните извори врз квалитетот на воздухот.