Во ноември 2018 година донесен е План за чист воздух за период 2019-2020 година, врз основа на кој се подготвени и реализирани Програми за намалување на аерозагадување за 2019-2021 година со буџетски средства во висина од 121.000.000,00, 100.000.000,00 и 80.000.000,00 денари соодветно, со цел финансирање на мерки за намалување на аерозагадувањето. Aктивностите од програмата се однесуваат на замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, зголемување на енергетска ефикасност и уредување на урбани зелени површини.
Во тек е изработка на нов Национален план за заштита на квалитетот на амбиентниот воздух и Национална програма за контрола на загадувањето на воздухот во рамки на ИПА 2 проектот „Подршка за имплементација на директивите за квалитет на воздух“ и истите се очекува да бидат изработени и усвоени од страна на Владата на РСМ до крајот на 2026 година.