Clean Air

Индекс за квалитет на воздух

Индексот за квалитет на воздух им овозможува на корисниците подобро разбирање за квалитетот на воздухот во местото каде што живеат, работат или патуваат. Прикажувајќи ажурирани информации и податоци од мерењата во реално време, корисниците можат да добијат едноставен преглед на квалитетот на воздухот во одделни градови и општини.

Индексот се базира на часовни концентрации на пет клучни загадувачки супстанци: суспендирани честички (PM10 и PM2.5), азот диоксид (NO₂), озон (O₃) и сулфур диоксид (SO₂).

Индексот ја означува краткорочната (часовна) состојба на квалитетот на воздухот. Тој не ја одразува долгорочната (годишна) состојба на квалитетот на воздухот, која може значително да се разликува од краткорочната.

Индексот е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 04 јули 2025 година.

Вредностите на концентрација на петте клучни загадувачки супстанци го одредуваат нивото на индексот што го одразува квалитетот на воздухот на секоја мониторинг станица. Индексот одговара на нивото на загадувачката супстанца која има највисока концентрација од петте загадувачки супстанци според следната шема.

Загадувачка супстанца Ниво на индексот (врз основа на концентрациите на загадувачките супстанци во µg/m3)
Добро Прифатливо Умерено Лошо Многу лошо Екстремно лошо
Суспендирани честички со големина до 2.5 µm (PM2.5) 0-5 6-15 16-50 51-90 91-140 >140
Суспендирани честички со големина до 10 µm (PM10) 0-15 16-45 46-120 121-195 196-270 >270
Oзон (O₃) 0-60 61-100 101-120 121-160 161-180 >180
Азот диоксид (NO₂) 0-10 11-25 26-60 61-100 101-150 >150
Сулфур диоксид (SO₂) 0-20 21-40 41-125 126-190 191-275 >275

Здравствени пораки

Индексните опсези се надополнети со здравствени пораки кои даваат препораки и за општата популација и за чувствителните групи на население. Вторите вклучуваат возрасни и деца со респираторни проблеми и возрасни со срцеви заболувања.

Индекс за квалитет на воздух Општа популација Чувствителни групи на население
Добро Квалитетот на воздухот е добар. Уживајте во вашите вообичаени активности на отворено. Квалитетот на воздухот е добар. Уживајте во вашите вообичаени активности на отворено.
Прифатливо Уживајте во вашите вообичаени активности на отворено Уживајте во вашите вообичаени активности на отворено
Умерено Уживајте во вашите вообичаени активности на отворено Размислете за намалување на интензивните активности на отворено, ако почувствувате симптоми.
Лошо Размислете за намалување на интензивните активности на отворено, ако почувствувате симптоми како што се болки во очите, кашлица или болно грло. Размислете за намалување на физичките активности, особено на отворено, особено ако почувствувате симптоми.
Многу лошо Размислете за намалување на интензивните активности на отворено, ако почувствувате симптоми како што се болки во очите, кашлица или болно грло. Намалете ги физичките активности, особено на отворено, особено ако почувствувате симптоми.
Екстремно лошо Намалете ја физичката активност на отворено. Избегнувајте физички активности на отворено.