Податоците за емисија на загадувачки супстанции дистрибуирани во просторни гридови претставува распределба на вкупната количина на национални емисии во просторен систем со резолуција од 0,1° × 0,1°. За разлика од сублимираната количина на национални вкупни емисии, распределбата по гридови дава увид за тоа каде во просторот има агрегација на емисии на одредени загадувачки супстанции, со што се овозможува попрецизна анализа на изворите на загадување и нивното влијание.
Податоците за просторно дистрибуирани емисии кои ги известува нашата држава за клучните загадувачки сусптанции (NOₓ, SO₂, PM, NMVOCs итн.) имаат просторна резолуција од 0,1° × 0,1° што е во согласност со стандардите и препораките на EMEP. Овие податоци се известуваат во даден формат - Анекс V од Упатсвото за известување на емисии на загадувачки супстанци во вовозухот и проектирани емисии, достапен на линк Annexes 2023 Reporting Guidelines..
Методолошки емисиите се пресметуваат со користење на национални податоци според упатствата на CLRTAP, користејќи меѓународно одобрени методологии.
Податоците од известувањето се достапни на следнава веб страна D. National gridded data of emissions (CLRTAP)