Clean Air

Емисии во воздух

Национални обврски за редукција на емисии (NRCs)

Целите на оригиналниот Гетеборшки протокол беа да се контролираат и намалат емисиите на SO₂, NOx, NMVOC и NH3. Националните горни граници-плафони за емисии се поставени врз основа на знаењето за критичните оптоварувања и влијанието врз животната средина врз екосистемите во географската област на Европа. Националните плафони од оргиналинот Гетеборшки протокол за нашата замја се дефинирани во Правилникот за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво и се дадени во следната табела.

Загадувачка супстанца [kt] SO₂ NOx VOC NH3
Национална граница -плафон за 2010 година 110 39 30 12

Со амандманите на Гетеборшкиот протокол од 2012 се специфицираат националните обврски за редукција на емисии споредбено со базната година 2005 за следните загадувачи сулфур диоксид (SO₂), азотни оксиди (NOx), амонијак (NH3), неметански испарливи органски соединенија (NMVOCs) и честички (PM2.5) со цели за 2020 година и 2020 понатаму. Национаните обврски за редукција се воедно и обврска од Дирекативата за национални граници плафони 2016/2284/EC (Прелиминарни NRCs со примена на GAINS моделот беа пресметани во рамките на проектот EU 4 Green за земјите од Западен балкан, пришто беше земено предвид и прекуграничнотo загадување помеѓу овие земји.

Националните NRCs ќе бидат пресметани во рамките на тековниот IPA II проект за воздух “Поддршка во имплементација на директивите за квалитет на воздух”, до крајот на оваа година