Согласно Упатсвото за известување на емисии на загадувачки супстанци во вовозухот и проектирани емисии, земјите членки на CLRTAP можат да аплицираат за користење на еден или повеќе механизми за флексибилност со цел измена на нивните обврски за намалување на емисиите или податоците од инвентарот во вонредни околности, како што е дефинирано во одлуките на Извршното тело 2012/3 и 2012/4.
Упатствата за процесот на аплицирање за механизмот за флексибилност при прилагодување (кое може да се однесува на обврските за намалување на емисиите или на инвентарот на емисии) се дадени одделно во одлуката на Извршното тело 2012/12, со измените од одлуката 2014/1.
Земјите членки на CLRTAP што вршaт прилагодување на својот инвентар со цел споредување на вкупните национални емисии со обврските за намалување на емисиите треба да вклучи придружна документација во својот информативен извештај за инвентарот (IIR) или во посебен согласно содржина дадена во Анекс II која ги наведува потребните придружни информации. Дополнително, квантитативните податоци треба да се достават како Excel-датотека (Прилози II и IIa од ECE/EB.AIR/130).
За претходно одобрени прилагодувања, страните треба да пријават детали за нивните прилагодени агрегирани емисии во соодветниот ред од главниот образец за известување за емисии, како и да достават детални информации по загадувачка супстанца и сектор за секое прилагодување, користејќи го образецот од Прилог VII на овие Упатства или Прилог IIa од ECE/EB.AIR/130.