Clean Air

Емисии од секторот Природни извори

Ова поглавје ги опишува емисиите од (природно или предизвикано од човекот) палење на неуправувани и управувани шуми и друга вегетација, со исклучок на земјоделско палење стрништа итн. Ова вклучува домашни пожари (горење дрва за огрев, остатоци од култури, измет и јаглен), како и пожари на отворена вегетација (горење шуми, грмушки, трева и обработливо земјиште).

Овој сектор вклучува информации и опис на методологиите применети за проценка на емисиите за NMVOC, NH3, NOx, SOx, PM10, PM2.5, TSP CO и BC, како и упатувања на податоци за активност и фактори на емисија во врска со емисиите што доаѓаат од шумските пожари за периодот 1990-2023 година.

  • Секторот Природни извори ги вклучува NFR категориите:
    • 11.Б Шумски пожари
    • 11.А Вулкани
    • 11.В Други природни извори

Во Северна Македонија, категоријата 11.A Вулкани е NO (Не се случиле), додека категоријата 11.C Други природни извори е NE (Не е проценета).

Шумски пожари – NFR 11.B

Пристапот Tier 1 за емисии од Шумски пожари ја користи општата равенка:

𝐸загадувачка супстанца = ∑ 𝐴𝑅изгорена површина × 𝐸𝐹загадувачка супстанца

Каде што:

𝐸загадувачка супстанца = е емисијата на одредена загадувачка супстанца.

Arизгорена површина = е вкупната површина што е изгорена/согорено дрво

Efзагадувачка супстанца = е факторот на емисија за оваа загадувачка супстанца

Податоци за активност

Податоците за активност за овој сектор се земени од публикацијата „Шумарство, 2000 – 2014“, објавена од Заводот за статистика, како и од податоците добиени по барање испратено до Јавното претпријатие „Македонски шуми“ на барање на МЖСПП. Податоците за активност вклучуваат изгорена површина (hа), изгорено дрво (m3) и изгорено дрво (kg) за периодот 1990-2023 година.

Емисиони фактори

Емисиони фактори се земени од GB 2023 и имаат единици како кг загадувач/hа изгорена површина или g загадувач/kg изгорено дрво. Во Северна Македонија нема достапни податоци за изгорена површина за периодот 1990-1999 година. Најчести загадувачи од категоријата Шумски пожари се: NOX, CO, NMVOC, SOX, NH3, PM10, PM2,5, TSP, BC. Најдоминантен загадувач од оваа категорија е CO (3000 kg/hа изгорена површина). На график 1 е прикажен е тренд за опожарена површина за периодот 2000-2023 година.

1mk

На следен график е прикажан е тренд на емисии на CO за периодот 2000-2023 година.

1mk