Суспендирани честички PM2.5

Суспендирани честички PM2.5
Суспендираните честички се состојат од цврсти материи во форма на чад, прав и пареа, и може да останат суспендирани продолжен период. Овие воздушни честички се категоризирани согласно големината, и во исто време, се еден од главните причини за намалената видливост. Честичките со големина на дијаметарот помала од 50 микрометри се класифицирани како вкупни суспендирани честички (TSP). PM2.5 се таканаречените фини честички со големина помала или еднаква на 2,5 микрометри.

PM2.5 директно потекнуваат од емисијата на примарни честички, или се создаваат преку секундарни реакции кои вклучуваат емисии на VOCs, SO2 и NOX од индустриски и енергетски постројки, автомобили (особено камиони и автобуси кои користат дизел горива) и останати извори на согорување. Како што може да се види од графиконите, концентрациите на PM2.5 во градовите во државата во зимскиот период се повисоки од концентрациите во текот на пролетниот период. Исто како и кај PM10 тоа е предизвикано од разните типови на емисија од производствените процеси, сообраќајот, согорувањето на дрва за греење во домаќинствата, согорувањето на земјоделски отпад итн. во комбинација со непогодните метеоролошки услови. PM2.5 носени од ветарот, така што суспендираните честички кои се генерирани во една држава може да влијаат на нивоата на PM2.5 во областите кои се наоѓаат во насоката на ветарот.