Дома

 

Веб портал за квалитет на воздух

Добредојдовте на Националниот портал за квалитет на воздух на Република Македонија. Овој портал содржи информации за моменталната состојба на амбиенталниот воздух во земјата, како и информации за загадувачките супстанции, здравствените ефекти и законодавството.

Според Извештајот за оценка на квалитетот на воздухот, Македонија е поделена на две зони, Источна и Западна зона, и агломерацијата Скопски регион.

Измерените концентрации на шест загадувачки супстанции од 17 мониторинг места се прибираат на секој час. Моменталната состојба на квалитетот на амбиенталниот воздух се класифицира и визуелизира со едноставни кодови на бои и дополнително овие информации подетално се претставени како временски серии од податоци од извршени мерења. Воедно овој портал обезбедува информации за јавноста во реално време за надминувањата на граничните вредности за квалитет на воздухот и праговите на алармирање.

Напомена: Концентрациите  на PM10 прикажани на мапата и графиците се часовни концентрации во реално време. Тие концентрации не може да се споредуваат со пропишаната средно дневна гранична вредност од 50 µg/m3



Информациите се темелат на невалидирани часовни вредности на најлошите загадувачки супстанции

Многу Високо Високо Средно Ниско Многу Ниско Нема Податоци

Дознајте повеќе за индексот за квалитет на воздух