Сулфур диоксид SO2

Сулфур диоксид SO2

SO
2 е задушлив гас со остар мирис, кој се формира со согорување на материјали кои содржат сулфур. Тој претставува гас кој, при вообичаени концентрации на амбиентниот воздух, може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина. При согорување на гориво кое содржи сулфур, сулфурот оксидира во SO2 дополнително реагирајќи со останатите загадувачки сусптанции, на тој начин создавајќи аеросоли. Во течна форма може да се најде во облаците, маглата, дождот, аеросолите и на површината на честичките. SO2 исто така е и главен прекурзор на PM2.5Сулфур диоксидот воглавно се формира со согорување на јаглен, особено во инсталациите за производство на електрична енергија. Оваа загадувачка супстанција се ослободува при индустриски процеси во топилници, рафинерии на нафта, индустрии за преработка на хартија и целуцоза, индустријата за метали како и во транспортот.

Високи концентрации на оваа загадувачка супстанција, во вид на кисели дождови, пречат на популацијата риби во реките и езерата и имаат лошо влијание на почвата во шумите. Исто така предизвикува големи штети на екосистемите, вклучувајќи и деградација на хлорофилот, намалување на фотосинтезата и на промени во метаболизмот на протеините. Таложењето на загадувачките супстанции од емисиите на сулфур диоксид, предизвикуваат закиселување на почвата и водите и последователен губиток на биодиверзитетот, многу често на места на огромна оддалеченост од оригиналната емисија.