Миладиновци

МИЛАДИНОВЦИ

Миладиновци е станица во општина Илинден, околу 15 километри источно од Скопје. Станицата врши мониторинг на влијанието на рафинеријата ОКТА на квалитетот на воздухот. Станицата е лоцирана во мало село околу 0,5 километри јужно од рафинеријата. Површината на фабриката е голема, а точкастите извори на емисија (оџаците) се лоцирани на оддалеченост од околу 2 километри од станицата, но фугитивните емисии (од цистерните за нафта) може да се испуштат во близина на станицата. Автопатот M1/E75 поминува на оддалеченост од 200 метри источно од станицата и најверојатно влијае на концентрациите на NO2 заради отворената и рамна околина.

 

Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO, PM10 и BTX.