Кавадарци

КАВАДАРЦИ

Кавадарци е мал град во југо-источниот дел на земјата. Станицата во Кавадарци се наоѓа во близина на крстосница на два главни пата во периферијата на градот, со голема фреквенција на сообраќај и трактори. Кавадарци се наоѓа во област за производство на вино, а најблискиот точкаст извор на емисии, винарската визба Тиквеш, од станицата е оддалечен 500 метри. Најголемиот извор на емисии во Кавадарци е ФЕНИ индустрија со топилницата за железни и никелни руди. Постројката се наоѓа 5 километри западно од станицата во Кавадарци, но е лоцирана на другата страна на планината што ја намалува дисперзијата на загадувачки супстанции кон мерната станица.

Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO и PM10.