Центар

ЦЕНТАР

Претставува урбана станица за мерење на влијанието на сообраќајот во центарот на Скопје. Станицата се наоѓа на околу 15 метри од сообраќајница со голема фреквенција на сообраќај и на околу 20 метри одалеченост од мала крстосница. Најблиските извори на емисија од сообраќајот се наоѓаат југо-источно од станицата. На северо-исток, на растојание од околу 100 метри се наоѓа поголема крстосница. Оваа станица ја претставува областа на градскиот центар со големо влијание на емисиите од сообраќај.

Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO, PM10, PM2.5 и BTX.