Регионално моделирање

Регионално моделирање
 

SILAM

Регионалниот модел SILAM претставува модел за хемиски транспорт на супстанции соодветен за глобални, регионални и мезо – симулации развиен во Финскиот метеоролошки институт (FMI). Историски овој модел е дизајниран за проектирање на радиоактивни итни случаеви – симулации за подготвеност, но еволуирал во насока на обезбедување на одговори за тоа што се случува со главните атмосферски соединенија во однос на квалитетот на воздухот: озон, цврсти честички, сулфурни оксиди, азотни оксиди и јаглеродни оксиди.
Овој модел може да се користи за симулација на епизоди или подолги периоди, за оперативна прогноза на квалитетот на воздухот и за проучување на емисиони сценарија.

Во Министерството за животна средина и просторно планирање моделот SILAM се користи како главен модел за хемиски транспорт, кој генерира три-дневни прогнози за квалитетот на воздухот кои сеуште се во експериментална фаза.


 

Регионалното моделирање е во функција и ќе се користи за подготовка на прогноза за квалитетот на воздухот, додека локалните модели, додека UDM и CAR – FMI се користат за подготовка на студии, подготовка на извештаи за проценка на квалитетот на воздухот и за поддршка на доделувањето на еколошки дозволи. Користењето на моделирањето како алатка за правење на проценка на квалитетот на воздухот во целост зависи од непреченото доставување на метеоролошки и емисиони податоци со добар квалитет.

На следниот линк можат да се видат искуствата од соседните земји кои користат регионални модели за генерирање на прогноза на квалитетот на воздухот на регионално ниво.