Локално моделирање

Локално моделирање
 

UDM- FMI

UDM- FMI е локален дисперзионен модел за квалитет на воздух развиен во Финскиот метеоролошки институт (FMI). Моделот се базира на Gaussian plume равенки за различни стационарни категории на извори (точкасти, површински и волуменски извори). Gaussian plume равенките можат математички да се изведат од равенките за атмосферска дифузија во состојба на хомогена и стационарна турбуленција.

Дисперзиониот модул на системот вклучува влезни податоци за емисија, претходно обработени метеоролошки податоци и географски податоци. Моделот се базира на хипотезата за стабилна состојба, каде емисионите стапки и метеоролошки услови се проценува дека се константни за секој временски чекор на моделот (1 час). Часовната концентрација за секоја загадувачка супстанција се пресметува за секоја точка од мрежата која покрива правоаголна површина за целиот период.

 

CAR-FMI

CAR – FMI е дисперзионен модел кој се користи за моделирање на линиски извори од отворена патна мрежа. Моделот пресметува часовни временски серии на дисперзијата на загадувачките супстанции CO, NO, NO2, NOx и издувни PM2.5 концентрации со влезни информации за:

  • Бројот и локацијата на линиските извори
  • Часовните количини на сообраќај на патиштата
  • Соединенија кои можат да се пресметаат и детали од статистичкиот интерес на резултатите
  • Часовни временски серии на метеоролошки податоци и позадински концентрации

Метеоролошките временски серии се пресметуваат со помош на метеоролошкиот модел за претходна обработка (MPP – FMI), развиен во FMI. Позадинските концентрации за гасовитите соединенија се интерполираат со мерењата од мониторинг мрежата од Државниот автоматски мониторинг систем.

 

Студија за моделирање на влијанието на емисиите од точкасти извори и сообраќај врз квалитетот на воздухот на територијата на град Скопје

Оваа студија за моделирање има за цел да се направи проценка на влијанието врз квалитетот на воздухот на територијата на графот Скопје од главните извори на емисија со користење на методот за дисперзионо моделирање.
Иако, влезните податоци кои се користени во оваа студија вклучуваат одреден стадиум на несигурност, сепак оваа студија дава важни информации за нивоата на квалитет на воздух во различните делови од Скопје.

Според пресметките направени со дисперзионото моделирање може да се заклучи дека сообраќајот во Скопје најмногу придонесува за зголемување на концентрациите на NO2, при што највисоките концентрации се појавуваат по должината на главните патишта и раскрсници.

Точкастите извори се цени дека го имаат најголемиот придонес во зголемувањето на SO2 концентрациите во Скопје. Според резултатите од моделирањето, граничните вредности или критичните нивоа ни во еден случај не се надминати. Сепак, измерените концентрации во Скопје се повисоки од моделираните концентрации на SO2, што покажува дека при моделирањето не се земени во предвид целокупните емисии на територијата на градот Скопје.

Резултатите од моделирањето вклучуваат одредена несигурност што може да се должи главно на неверодостојноста на метеоролошките податоци и ограничената достапност на добри и квалитетни податоци за емисија