Новости

Доставен инвентарот за емисии на загадувачки супстанци во воздухот за 2014 година и Информативен извештај за инветарот до UNECE/EEA

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 27-в и 27-г од Законот за квалитет на амбиентен воздух и барањата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) и протоколите кон неа го подготви и испрати инвентарот за количините на емисии на загадувачките супстанци (основни супстанци, цврсти честички, тешки метали и трешкоразградиливи органски соединенија) за 2014 година на ниво на Република Македонија до Европската комисја на Обеденетите нациии за Европа (UNECE) и Европската агенција за животна средина (EEA). Oсвен емисиите за 2014 година, за првпат беа испратени и емисии за целиот временски период 1990-2013 година.

Согласно барањето на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето беа испратени и рекалкулациите на емисиите на основните загадувачки супстаци (NOx, SОx, NMVOC).

Инвентарот за емисии на загадувачки супстанци во воздух за 2014 година, како и изминатите години е достапен на следната веб страната 

http://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/UNECE_CLRTAP_MK.

Во Април 2016 година подготвен е Информативен извештај за инвентарот во согласност со член 27–г од Законот за квалитет на амбиентен воздух. Овој извештај е достапен на следната веб страна http://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/UNECE_CLRTAP_MK/envvymixq/.

Инвнетарот за 2014 година и Информативниот извештај е направен со поддршка на експерти од Австриската агенција за животна средина во рамките на тековниот Твининг проект “Понатамошмно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството во областа на квалитетот на воздухот”

 

ТAIEX работилница за квалитетот на воздухот на тема “Подготовка на краткорочни акциони планови за заштита на амбиентниот воздух”

Mинистерството за животна средина и просторно планирање во период од 16-17 декември одржа дводневна ТAIEX (Техничка помош за размена на информации – инструмент на Европската Комисија), работилница за квалитетот на воздухот на тема “Подготовка на краткорочни акциони планови за заштита на амбиентниот воздух”. На работилницата од Европските земји учество зедоа стручни експерти од Италија, Германија, Чешка, Австрија и Холандија. Од домашните институции на работилницата присуствуваа членовите на Интерсекторската група за воздух, претставници од Градот Скопје и Единиците на локална самоуправа.

На работилницата согласно дефинираната агенда се дискутираше за начинот на подготовка на планските документи, со особен осврт на мерките кои се применуваат во Европските земји за намалување на концентрациите за PM10 и NOx, како и начинот на информирање на граѓаните при надминување на праговите на алармирање. Од презентациите и дискусијата можат да се изведат следните заклучоци:

- Краткорочните мерки кои се воведуваат во алармантни состојби со загадувањето од областа на транспортот (како мерката пар-непар) немаат големо влијание врз намалување на среднодневната концентрација на PM10 (Во Италија воведувањето на оваа мерка довела до само 2% намалување на концентрациите на честичките);

- За предвидување на загадувањето на воздухот се користат различни национални модели, но при примена на моделите за предвидување на загадувањето со PM10, несигурноста на моделот е повисока во однос на другите загадувачки супстанци;

- Нема глобални ефективни мерки кои можат да се применат во сите земји и градови;

-  Ефективноста на мерките на локално ниво зависи од уделот на изворите на загадување во градот/општината/областа. Овој удел е различен за различни градови поради што локалните инвентари се особено важни за подготовка на локалните програми и дефинирањето на соодветни мерки.

- Во европските земји најмногу на намалувањето на концентраците на PM10 влијаела промената на структурата на возниот парк и воведувањето на гасификацијата;

- Воведувањето на мерката “Зони со ниска емисија” на локално ниво во Германија била планирана повеќе години и била воведена во моментот кога веќе поголем дел од населението користело возила со повисоки Еуро стандарди.

- Краткорочните мерки само го ублажуваат загадувањето, а најголем ефект врз намалување на загадувањето имаат долгорочните мерки;

- Долгорочните ефективни мерки имаат високи фискални импликации.

На следниот линк можете да ги превземете презентациите од работилницата.