Конвенција CLRTAP

Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP)од 1979 година стапи во сила во 1983 година. Република Македонија пристапи како земја членка и ја ратификуваше и потпиша Конвенцијата на 17.11.1991 година.Таа денес брои 51 земји потписнички кои ги решаваат главните проблеми во животна средина во рамките на UNECE регионот преку научна соработка и преговори.

Со цел имплментација на барањата од конвенцијата донесени се осум Протоколи кон неа. Конвенцијата освен основните барања како што е инвентаризација на загадувачките супстанции во воздухот на годишно ниво по држави региони, континенти, ги поддржува и поттикнува научните истражувања за транспортот на загадувачките супстанции при тоа поврзувајќи го со метеоролошките, климатолошките и други појави.

Првите пет протокола Република Mакедонија ги ратификуваше во фебруари 2010 година (Сл. весник на РМ― бр. 24/10), а последните три во октомври 2010 година (Сл. весник на РМ― бр. 135/10). За последните три протоколи во рамките на проектот (види повеќе на страницата проекти) подготвен e Национален акционен план за имплементација на нивните барања, со даден временски рок за исполнување на истите и одговорна институција. Во рамките на проектотподготвени се повеќе извештаи кои можат да се најдат на страниците извештаи од емисии и плански документи на оваа web страна.

Како земја членка на конвецијата CLRTAP и протоколите кон неа Република Македонија ги исполнува барањата од протоколите преку подготовка, усвојување и имплементација напозаконски акти и стратегии за справување со испуштањето на загадувачки супстанци во воздухот, преку спроведување и контрола на мониторинг на загадувачките сусптанци, размена на информации, консултации, истражување и следење на документите кои произлегуваат од конвенцијата.

Република Македонија и активно учествува во работата на конвенцијата и нејзините работни тела Извршното тело, Управниот одбор на EMEP, Работна група за стратегии и ревизиии и останатите тела. Повеќе информации можете да најдете на селдната web страна
Convention on Long-range Transboundary Air Pollution