Инвентари

Инвентари

Количините на емисии од сите извори се оценуваат и собираат во инвентари на емисии. Инвентарите на емисии се пресметки на податоци (изразени во килотони во година) во текот на одреден временски период, во согласност со барањата или методологијата со соодветна секторска, временска или просторна дистрибуција специфична на секоја загадувачка супстанција. Во моментов во Македонскиот информативен центар за животна средина се хостираат три бази на податоци за емисии. Првата база на податоци е Националниот катастар за емисии, кој што е дизајниран за деловни субјекти. Таа содржи информации за локацијата на деловниот субјект, опис на технолошкиот процес, општи податоци, количина и тип на загадување, единици на емисија од потрошена електрична енергија и основни информации за процесот. Втората база на податоци е UNFCCC()/GHG(стакленички гасови) инвентарот, воспоставен во 2005. Овој инвентар содржи емисии за главните GHGs (CO2, N2O, CH4) загадувачки супстанции за периодот 1998-2002. Во рамките на Втората национална комуникација, инвентарот беше ажуриран со податоци за емисии од останатите не-директни GHGs: HFCs, PFCs and SF6. Дополнително беа пресметани временските серии за периодот 1999-2002. Инвентарот може да се превземе од следната веб страница
GHG Inventory.
Третата комуникација, која содржи податоци за емисии на GHG за периодот 2003-2009 се изготвува и треба да биде подготвена до јануари 2013.

Инвентарот на емисии CORINAIR (Core Inventory for air quality) претставува инвентар изготвен во согласност со Конвенцијата за пекугранично загадување на воздухот (Конвенција LRTAP и протоколот 8 се ратификувани од нашата земја), кој во Република Македонија беше воспоставен во 2005. Методологијата CORINAIR е усвоена како Национална методологија со Правилникот за методологијата за инвентаризација и воспоставување на нивоа на емисија на загадувачки супстанции во атмосферата во тони годишно за сите типови на активности, како и за други податоци кои треба да се поднесат кон Европската програма за мониторинг и евалуација (EMEP). Одделот на МИЦЖС, секоја година поднесува податоци од инвентарот на емисии до UNECE и EEA. Националниот инвентар на емисии за 2010 може да го најдете на веб страницата на EEA/Eionet
CLRTAP data.