Мерења

Мерења

За да се подобри квалитетот на воздухот, мора да се измери количината на загадувачки супстанции во воздухот од различни извори. Начинот на кој се вршат мерењата е во согласност со ISO и CEN стандардите и е пропишан со Правилникот за методологијата, методите и средствата за мерење на емисии од стационарни извори. Во нашата земја се вршат мерења на следните загадувачки супстанции: јаглерод моноксид (CO), азотни оксиди (NOx), вкупни суспендирани честички (TSP), и сулфур диоксид (SO2). Заради правилна примена на Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки субстанции во отпадните гасови подготовeно е Упатство за правилникот за ГВЕ кое дава краток осврт на содржината на правилникот. Упатството претставува практичен водич или прирачник за корисниците во однос на правилната примена на граничните вредности на емисија за различни дејности односно инсталации со различни капацитети наведени во Правилникот. Граничните вредности за критериумите и останатите токсични загадувачки супстанции се пропишани со Правилникот за граничните вредности на дозволените нивоа на емисии и типови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи во воздухот од стационарни извори. За овој правилник подготвено е Упатство во кое во рамки на 10 поглавја се опишани општите аспекти на мерењата на емисиите во воздухот од стационарни извори со тоа што прецизирањето се врши со користење на дадените МКС EN и ISO стандарди наведени во него. Опишани се процедурите за обезбедување на сигурност и контрола на квалитет (QA/QC) на мерењета на емисиите во воздухот од стационарни извори. Дополнително, големите согорувачки постројки кои работат во согласност со Уредбата за идентификација на согорувачките постројки кои треба спроведат мерки за заштита на амбиентниот воздух во моментов изготвуваат програми за намалување на емисиите. Овие инсталации треба да поднесуваат месечни извештаи со податоци за измерените емисии. Дополнително, Македонскиот информативен центар за животна средина бара од помалите извори кои емитуваат помалку емисии да ги поднесуваат податоците за емисија еднаш годишно.
Формуларите за пополнување на податоци од измерени емисии и фреквенцијата на поднесување се пропишани со Правилникот за формата и содржината на дневникот за емисии.