Ефекти на загадувачките супстанции врз здравјето на луѓето

Објаснување за можните ефекти на загадувачките супстанции и гасови во воздухот врз здравјето на луѓето

Изложеноста на аерозагадување е поврзана со бројни ефекти врз човековото здравје вклучувајќи нарушувања на белите дробови, срцето, крвните садови и нервниот систем. Здравствените ефекти може да варираат од личност до личност. Високо ризичните групи, како постарите, малите деца, бремените жени и оние кои страдаат од хронични болести на срцето и белите дробови се почувствителни во однос на загадувањето на воздухот. Децата се изложени на ризик заради тоа што тие се поактивни надвор од дома, а нивните бели дробови сеуште се развиваат. Изложеноста на аерозагадување може да предизвика акутни и хронични здравствени ефекти. Акутните ефекти вообичаено се јавуваат веднаш и се често реверзибилни кога ќе престане изложеноста кон загадувачката супстанца. Хроничните ефекти вообичаено не се јавуваат веднаш и често не се реверзибилни кога ќе престане изложеноста кон загадувачката супстанца. Некои од хроничните ефекти се намален капацитет на белите дробови и карцином на белите дробови како резултат од долготрајна изложеност на токсични загадувачки супстанци на воздухот. Научните техники за проценка на здравствените ефекти на аерозагадувањето вклучуваат следење на загадувачите на воздухот, проценка на изложеноста, дозиметрија, токсикологија и епидемиологија. 

Иако, кај луѓето, загадувачките супстанци може да ја погодат кожата, очите и други системи во телото, тие првенствено го погодуваат системот за дишење. Воздухот се вдишува преку носот, кој игра улога на првенствен систем за филтрирање. Малите влакненца и топлата, влажна околина во носот, ефективно ги отстрануваат поголемите загадувачки честички. Воздухот потоа поминува низ гркланот, хранопроводот и ждрелото пред да дојде на влезот на душникот. Душникот се дели на два дела, лев и десен бронх. Секој бронх потоа се дели на поголем број на помали составни делови. Најмалите од нив се викаат бронхиоли и содржат милиони воздушни меурчиња наречени алвеоли. Бронхиолите и алвеолите заедно ги градат белите дробови. 

И гасовите и честичките кои го загадуваат воздухот имаат негативен ефект врз белите дробови. Солидните честички може да се нафатат на ѕидовите на трахеата, бронхите и бронхиолите. Најголем дел од овие честички се отстрануваат од белите дробови преку процесот на чистење од страна на цилиите, мали влакненца на клетките лоцирани на ѕидовите на дишлите патишта. Ова се случува при кашлање и кивање.

Кашлањето и кивањето ги враќа честичките во устата. Од таму или се голтаат или се исфрлаат од организмот. Сепак, најмалите честички може да стигнат до алвеолите, од каде треба недели, месеци, дури и години за да се исфрлат од телото. Загадувачките гасови може исто така да ја пореметат функцијата на белите дробови преку забавување на функционирањето на цилиите. Континуирано вдишување на загаден воздух може да ја забави нормалната акција на чистење и да предизвика поголем број на честички да достигнат до најситните порции на белите дробови. 

Белите дробови се органи одговорни за апсорпцијата на кислородот од воздухот и отстранување на јаглеродниот диоксид од крвотокот. Нивното оштетување од загадениот воздух може да придонесе кон појава на респираторни болести како бронхитис, емфизем или рак. Ова може дополнително да ја отежне работата на циркулаторниот систем. 

Опасните загадувачки супстанци во воздухот можат да предизвикаат и други поретки но потенцијално опасни здравствени ефекти, вклучувајќи рак и оштетување на имунолошкиот систем, невролошки, репродуктивни и развојни проблеми. Акутното изложување/експозиција на одредени загадувачки супстанци на воздухот може да предизвика моментална смрт.

 
Сумиран табеларен приказ на штетните ефекти од поедини загадувачки материи и гасови

Табела 1:  Најчести загадувачки супстанци- Извори, Здравје и благосостојба
Загадувачка супстанца Опис Извори Здравствени ефекти
Јаглерод моноксид (CO) Гас без боја и мирис Издувни гасови од моторни возила, внатрешните извори вклучуваат печки кои согоруваат керозин или дрва. главоболки, намалена ментална будност, срцев удар, кардиоваскуларни заболувања, нарушување на феталниот развој, смрт
Сулфур диоксид (SO2) Безбоен гас кој се раствора во вода и ипсраува формирајки сулфурна киселина, и влегува во интеракција со други гасови и честички во воздухот. Термо-електрани на јаглен, рафинерии на нафта, производтсво на сулфурна киселина и топење на руди кои содржат сулфур. Иритација на очи,солзење, тежина во гради, губиотк на здив, оштетување на бели дробови.
Азот диоксид (NO2) Црвеникаво кафен, високо реактивен гас. Моторни возила, електрични објеки, и други индустриски, комерцијални или резиденцијални објекти каде се согоруваат течни горива. Приемчивост на респираторни инфкеции, иритација на белите дрибови и респираторни симптоми(на пр. кашлица, болка во гради, отежнато дишење).
Озон (O3) Гасовит загадувач кога се фромира во тропосферата. Издувни гасови од возилата и некои други чадења. Се формира од други полутанти во присуство на сончевата светлина. Иритација на очи и грло, кашлица, проблеми во респираторниот тракт, астма, оштетување на бели дробови.
Цврсти честички (PM) Многу мали честички на гар, прав или други материи, вклучувајки и тенки капки на течности Дизел машини, термоелектрани, индустрии, прав разнесуван од ветер, печки на дрва. Иритација на очи, астма, бронхитис, оштетување на бели дробови, канцер, труење со тешки метали, ефекти на кардиоваскуларниот систем