Прагови на информирање и алармирање

Прагови на информирање и алармирање

Праговите на информирање ги дефинираат краткорочните нивоа на концентрации на загадувачките супстанции, кои, откако ќе бидат надминати, претставуваат ризик за човековото здравје при краткотрајна изложеност, особено на чувствителните делови на населението, при кое што е потребно навремено информирање. Праговите на алармирање ги дефинираат краткорочните нивоа на концентрации на загадувачките супстанции, кои откако ќе бидат надминати претставуваат ризик за човековото здравје од краткотрајна изложеност на населението, при кое што се потребни итни мерки за намалување на загадувањето. Праговите на информирање за озон, понекогаш се надминуваат во населените области. Надминувањата на праговите на алармирање не се чести.

Прагови на информирање и алармирање

Загадувачка супстанција

Период на впросечување  

Праг на информирање

Праг на алармирање

 Озон  O3 1 година  180 µg/m3
 Озон  O3 3 последователни часови  

240 µg/m3

 Сулфур  диоксид
SO2
3 последователни часови  

500 µg/m3

 Азот диоксид
NO2
3 последователни часови  

400 µg/m3

Законот за квалитет на воздух и сите релевантни подзаконски акти може да ги најдете на следниот линк на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање:

Законодавство за квалитет на амбиенталниот воздух

Поради честото надминување на среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до десет микрометри (РМ10) особено во зимскиот период, а поради немање на вредности за праг на информирање и праг на алармирање во законската регулатива, на предлог на Интерсекторската работна група за квалитет на воздух, Владата на Република Македонија на 108-та седница одржана на 25.12.2012 година ги усвои следните прагови:

 Загадувачка супстанца  Период  Праг на инфоримирање 
 Суспендирани честички
 со големина до 10 микрометри РМ10 
 5 последователни дена  >50 µg/m3
 Период  Праг на алармирање
 10 последователни дена   >100 µg/m3