Долгорочни цели

Долгорочни цели за O3

За озон, O3, исто така, се поставени долгорочни цели. Озонот е прекугранична загадувачка супстанција и оттаму, намалувањето на нивото на озон во која било земја поединечно е навистина тешко. Долгорочната цел претставува ниво на концентрации на озон кое треба да се достигне на долг рок за да се овозможи ефективна заштита на човековото здравје и на животната средина.

Долгорочни цели

Загадувачка супстанција

Период на впросечување

Целни вредности

Заштита

Озон  O3 Максимална 8 часовна средна вредност на концентрацијата во текот на календарска година 120 µg/m3

Здравје

Озон  O3 АОТ40, пресметано од часовните вредности од мај до јули 6000 µg/m3*h

Вегетација

Законот за квалитет на воздух и сите релевантни подзаконски акти може да ги најдете на следниот линк на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање:

Законодавство за квалитет на амбиенталниот воздух