Целни вредности

Целни вредности

Целните вредности не се строги колку граничните вредности. Целта е со користење на најдобрите достапни технологии и останатите исплатливи методи, каде што тоа е можно, да се достигнат целните вредности. На пример, целна вредност е дадена за концентрациите на озон, во кои значително допринесува прекуграничното загадување кое не може да се намали единствено со национални мерки.

Целни вредности

Загадувачка супстанција

Период на впросечување 

Целни вредности

Заштита

Датум до кој треба да се достигне граничната вредност

Озон  O3 Максимална 8 часовна средна вредност 120 µg/m3 ,не смее да се надмине повеќе од 25 дена во календарска година со средна вредност измерена во период од три години

Здравје

2010

Озон  O3 АОТ40, пресметано од часовните вредности од мај до јули 18000 µg/m3*h  ,пресметана средна вредност за 5 годишен период

Вегетација

2010

Арсен  As 1 година 6 ng/m3

Здравје

2013

Кадмиум  Cd 1 година 5 ng/m3

Здравје

2013

Никел  Ni 1 година 20 ng/m3

Здравје

2013

Бензо(а)пирен 1 година 1 ng/m3

Здравје

2013

Суспендирани честички со големина помала од 2.5µm 1 година 25 µg/m3 

Здравје

2015

Законот за квалитет на воздух и сите релевантни подзаконски акти може да ги најдете на следниот линк на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање:

Законодавство за квалитет на амбиенталниот воздух