Гранични вредности

Гранични вредности за заштита на човековото здравје и критични нивоа за заштита на вегетацијата

Граничните вредности се најстрогите правила во законодавството на ЕУ за нивоата на загадување на воздухот. При надминување на граничните вредности, властите се должни да дефинираат мерки за намалување на концентрациите на загадувачката супстанција. Најважните гранични вредности за заштита на здравјето се вредностите зададени за концентрациите на суспендираните честички и азот диоксидот. Во Македонија, граничните вредности за PM10 во голема мера се надминуваат, а надминувањата на граничните вредности на NO2 се можни во околини со сообраќај. За останатите загадувачки супстанции, надминувањата на граничните вредности не се толку чести.

Покрај вредностите за заштита на човековото здравје, за заштита на вегетацијата се одредени критични нивоа. Тие се валидни за рурални земјоделски и шумски области и се одредени за заштита од ефектите на загадување на дрвата, останатите растенија и екосистеми. Во Македонија, концентрациите се под критичните нивоа.  

Гранични вредности за заштита на здравјето

Загадувачки супстанции

Период на впросечување

Гранични вредности

Дозволен број на надминувања годишно

Датум до кога треба да се достигне граничната вредност

Сулфур диоксид
SO2

1 час

24 часа

350 µg/m3

125 µg/m3

24

3

2012

Азот диоксид

NO2

1 час

1 година

200 µg/m3

40 µg/m3

18

-

2012

Суспендирани честички со големина помала од 10 µm

PM10

24 часа

1 година

50 µg/m3

40 µg/m3

35

-

2012

Суспендирани честички со големина помала од 2.5 µm

PM2.5

1 година

25 µg/m3

20 µg/m3

-

2020

2025

Олово

Pb

1 година

0.5 µg/m3

-

2012

Бензен

C6H6

1 година

5 µg/m3

-

2012

Јаглерод моноксид

CO

Максимална дневна 8 часовна средна вредност

10 mg/m3

-

2012

 

Критични нивоа за заштита на вегетацијата

Загадувачка супстанција

Период на впросечување

Гранични вредности

Сулфур диоксид

SO2

1 година

Зимски период

20 µg/m3
Азотни оксиди

NOx

1 година 40 µg/m3

Законот за квалитет на воздух и сите релевантни подзаконски акти може да ги најдете на следниот линк на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање:

Законодавство за квалитет на амбиентниот воздух